Џејмс Камерон вели дека Леонардо ди Каприо за малку ќе ја изгубел улогата во „Титаник“ за време на аудицијата: „Беше многу негативен“

Кој би рекол...

Камерон потсетува дека актерот на аудицијата се однесувал како голема ѕвезда. Па, како станал дел од култниот филм?

Џејмс Камерон, човекот одговорен за создавањето на познатиот филм, „Титаник“, вели дека Леонардо ди Каприо за малку ќе ја изгубел улогата за време на аудицијата.

Режисерот нја раскажа средбата со Лео во интервју за GQ, истакнувајќи дека Кејт Винслет веќе ја добила улогата на Роуз, а потоа дошол на ред да се избере нејзиниот партнер.

Кога влезе Лео, се разбира, ги шармираше сите, вклучувајќи ме и мене. Реков: „Во ред, ајде да видиме каква е твојата хемија со Кејт“, изјави Камерон за списанието.

Актерот тогаш имал само 22 години, а аудицијата ја замислувал сосема поинаку. Камерон го поканил заедно да читаат, а реакцијата за малку ќе го чинеше да ја загуби улогата што му донесе слава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R.M.S. TITANIC (@r.m.s_titanic_film)

О, јас не читам, рекол Ди Каприо според зборовите на познатиот режисер. И само што посакал да го поздрави и да му се заблагодари што дошол, сепак одлучил да му даде уште една шанса.

Бил строг и му рекол дека или ќе чита или нема да ја добие улогата.

Според Камерон, актерот не бил најсреќен, но сепак се согласил да чита делови од текстот со Кејт Винслет.

Секој дел од неговото битие беше толку негативен, додека не реков „Акција“, вели Камерон за GQ.

Камерон вели дека Леонардо веднаш „се претворил во Џек“, по што знаел дека тоа е тој и дека му треба во филмот, по што се покажало дека е во право.

„Титаник“ освои 11 од 14-те оскари за кои беше номиниран, и го вивна Леонардо меѓу ѕвездите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.