Вака летува најбогатиот актер: Постои едно правило што никогаш не го прекршува, додека многу оженети мажи му завидуваат!

Погледнете

Еве како летува најголемиот заводник во Холивуд, Леонардо Ди Каприо, кому жените не можат да му одолеат

Леонардо Ди Каприо е еден од најбогатите холивудски актери, но и еден од најпожелните ергени. Имено, Ди Каприо со причина ја носи оваа титула, а многумина се прашуваат зошто сè уште се нема оженето, со оглед на тоа што ги имал најубавите жени покрај себе.

Веќе на сите им е добро познато правилото до кое се придржува актерот, а тоа е дека ја остава секоја девојка штом наполни 25 години. Се чини дека Ди Каприо нема намера да се жени, а како што минуваат годините, сè повеќе ужива во забавата со млади и атрактивни девојки.

За него велат дека не сака да остари, а многу мажи му завидуваат поради стилот на живот. Слободното време го користи за уживање на јахти, а начинот на кој летува е исполнет со луксуз и релаксација.

Интересно е што актерот речиси секој викенд оди на крстосување со јахта, а друштво му прават пријателите и згодни, млади девојки. Не е ни чудо што е најпожелниот фраер во Холивуд, кога има сè што му треба на еден маж. Затоа, кога тој одмора, не ги жали парите.

Неговото богатство се проценува на неверојатни 300 милиони долари. Сопственик е на скапи недвижности, а покрај скапите јахти, автомобили и вили што ги поседува, актерот има и свој остров. Исто така, поседува и уметнички дела од непроценлива вредност. Откако стекнал голем успех, слава и богатство, актерот решил да им се препушти на сите животни задоволства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@ilovedicapriooo)

Овој пат папараците забележале неколку фотографии додека актерот крстосувал низ Сардинија, а во негово друштво се нашле и неколку мистериозни девојки. Многумина коментираат дека Ди Каприо се запустил и дека не се грижи за својот изглед како некогаш. Исто така, му замеруваат што „пуштил“ стомак, додека на младите девојки им наоѓа мани и сака да има совршена девојка покрај себе.

Но актерот не обрнува внимание на тоа, туку живее за добра забава.

Инкогнито: Како оди на забави Леонардо Дикаприо? Актерот се крие (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.