Дефинитивно крај?!: Игор Којиќ ја моли Северина да не се разведат?

Нови детали

Фото: ATA IMAGES

Северина Којиќ одлучила да се разведе со Игор Којиќ со кого не живее веќе три месеци, дознава српски „Курир“.

Поп-пејачката веќе стапила во контакт со својот адвокат и му рекла дека сака официјално да му стави крај на бракот со синот Драган Којиќ Кеба, што значи дека судската постапка наскоро ќе биде доставена до судот.

Според приказните од хрватските кулоари, пејачката и нејзиниот сопруг не успеваат да ги надминат нарушените односи, иако повремено комуницираат преку телефон.

 

Наводно, нивните разговори се сведуваат на тоа Игор да ја убедува Северина да останат заедно и да размисли за бракоразводната парница, но таа е решителна. Игор дури имал намера да отпатува кај неа во Загреб и да разговарат во четири очи, но таа одбила.

 

Очигледно е дека последните настани, односно кавгата меѓу Северина и Игор што се случила додека таа била во Белград за време на пандемијата на коронавирусот, биле само капката што ја прелеала чашата.

Како што самата се изјасни на социјалните мрежи, родителите на Којиќ, Кеба и Оља, исто така, биле вклучени во конфликтот. Кога Игор напиша на Инстаграм дека медиумите, заедно со Милан Поповиќ, се „покровители“ на написите дека неговиот брак е во криза, пејачката јавно го прекорила.

Покровители се Оља и Драган. Те молам, исклучи ме од ова, покровители се Оља и Драган – напишала Северина под постот на нејзиниот сопруг, кој подоцна го избришала.

Додека Игор е во Белград со својот татко и мајка, Северина почна да настапува, а ја обнови и соработката со својот долгогодишен менаџер и пријател Томица Петровиќ, со кого една година не беше во добри односи, а кој се’ уште не е во добри односи со Игор Којиќ.

 

Медиумите што го следеа концертот на Северина во Сплит најпрво забележаа дека Северина веќе не носи венчален прстен на рака, кој го носеше на свадбата пред пет години. Ова само го потврдува фактот дека парот Којиќ е на работ на развод и дека Северина иницирала таков исход, со оглед дека нејзините постапки во јавноста јасно го означуваат ова, додека Игор се обидува да ги негира ваквите наводи.

 

Фото: Instagram, ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.