Дадилките на Џеј Ло одвај издржувале една недела: Имале одлична плата, но премногу работа, пејачката претерала во очекувањата

Изискувачка а славна мама

Извор близок до пејачката откри помалку познати детали.

Пред повеќе од десет години, Џенифер Лопез очајно барла дадилка кога нејзините близнаци Макс и Ема беа многу мали, а нејзината кариера беше на врвот. Потрагата по дадилката на Џеј Ло не би требало да биде тешка, бидејќи кој не би сакал да биде околу светска ѕвезда и да добива плата за тоа, нели?

Иако се шпекулираше дека дадилките се збогатиле, можеше да се слушне и другата страна на приказната на оние кои одлучиле да ја прифатат оваа работа. Имено, Џеј Ло имала проблеми со дадилките бидејќи тие често ги напуштале работните места поради очекувањата што ги имала пејачката.

Се’ почнало во 2008 година кога таа беше во брак со Марк Ентони и не ѝ било лесно, бидејќи е светска ѕвезда која патува низ светот, да се грижи за своите деца.

Џенифер Лопез беше подготвена да плати голема плата за бебиситерки уште во 2008 година. Се шпекулираше дека цифрата е околу 2.250 долари неделно.

Но и покрај огромната плата, потрагата на познатата пејачка и актерка по дадилка била како „вртечка врата“. Се верува дека Џеј Ло им дала премногу работа на дадилките и дека работата на крајот била премногу напорна за повеќето од нив.

Веројатно тоа беше повеќе избегнување на работа“, рече изворот.

Обично луѓето кои заработуваат огромни суми пари и имаат многу професионални и социјални обврски ангажираат по една дадилка за секое дете, особено за новороденчиња. Но Џенифер очекуваше една дадилка да се грижи за двете бебиња, но и да работи 16 часа на ден, седум дена во неделата!“, искрено споделува изворот.

Првата бебиситерка на децата на Џеј Ло издржала една недела, а иако втората дадилка била одлична, набрзо и таа си заминала.

Вработија уште една дадилка, која беше прекрасна со близнаците, но не можеше да издржи толку долги часови без пауза“, рекол изворот.

Откако и таа ја напушти работата, парот стана очаен по трета дадилка.“

Џеј Ло никогаш не се справи со тој проблем, иако, за волја на вистината, таа остана доста ангажирана. Лопез призна дека овој фактор понекогаш ги лути децата, кои негодуваат заради нејзиното отсуство.

Поради пандемијата, сите забавија, вклучувајќи ја и Џеј Ло. Еднаш вечерала заедно со децата, нешто што и самата Лопез признала дека одамна не се случило.

Лопез понатаму откри дека нејзините деца ѝ кажале што не функционира во нивниот однос, како на пример, тоа дека Лопез работи постојано и поминува многу време надвор од дома.

Пејачката призна дека променила многу работи за семејството.

Ние им требаме на поинаков начин“, продолжи таа.

Мораме да забавиме и мора да се поврземе повеќе. И… не сакам да пропуштам работи. И сфатив, Боже, ова ќе го пропуштев ако не бев овде денес“.

Ова секако беше една од вредните лекции за Џеј Ло и нејзиното семејство.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.