Честитки од сите страни! Сергеј Четковиќ ја покажа сопругата, причината е убава (ФОТО/ВИДЕО)
Ја сподели емотивната честитка
Едноставно зрачи љубовта…
Додека многу дами денеска го слават 8 март, причина за славење има и Сергеј Четковиќ.
Пејачот наполни 48 години, а по тој повод реши на својот Инстаграм да ја сподели емотивната честитка која ја доби од саканата личност.
Сергеј со цела гордост ја покажал сопругата Кристина, а колку се убави како пар може да се заклучи од заедничката фотографија од која едноставно зрачи љубовта.
„Среќен роденден Сергеј“, емотивно напиша Кристина.
Сергеј ретко објавува фотографии од приватниот живот, а иако неговата сопруга глуми во спотот за една од неговите први песни, тие двајца ретко позираат заедно пред камерите, па пејачот овој пат направи своевиден преседан.
Сергеј и Кристина наскоро ќе прослават 25 години од бракот во кој ги имаат ќерките Лола и Мила.
Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:
Коментарите се заклучени.