Боба Живојиновиќ: „Јас и принцезата Дајана бевме блиски“ (ФОТО)

Голем заводник

Изгледа на неговиот шарм не „паднала“ само Лепа Брена…

Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ – Боба се во брак 29 години, во кој ги родија синовите Стефан и Виктор, а пред да рипне во тавче со тогаш најпопуларната фолк-пејачка во цела бивша Југослави, а и пошироко, славниот тенисер веќе беше во заедница со Зорана со која го има синот Филип Живојиновиќ. Инаку, Боба важел за голем заводник, на чиј шарм, верувале или не, паднала и принцезата Дајана.

Имено, како што дознава српски „Курир“, кон крајот на 1980-тите, покојната принцеза „полудела“ по тогаш најдобриот српски тенисер.

Леди Ди наводно флертувала со Бобa, иако во тоа време беше мажена со принцот Чарлс, а тој со Зорица. Таа често доаѓала на неговите натпревари, го следела седејќи со „обичните“ смртници на трибините, иако членовите на кралското семејство имаа ВИП-ложа само за да биде што е можно поблиску до него.

Боба и Дајана се запознале во 1987 година, за што сведочи и фотографијата до која дојде српски „Курир“, на која Леди Ди позира со Боба и неговиот најстар син Филип.

 

На прашањето на новинарите во каков однос бил со британската принцеза, бившиот тенисер одговорил:

Па нема да зборуваме за тоа (се смее). Не сакам да зборувам за тоа затоа што таа не е веќе со нас. Големо нешто  е кога некој како неа ќе дојде на натпреварот за да ве бодри. Затоа што не се случило некој од кралското семејство да навива за вас од трибините“, Боба остана мистериозен.

Сепак раскажа како се запознале.

Една недела пред Вимблдон во 1987 година, под нејзино покровителство се одржа хуманитарен натпревар. Јас бев еден од учесниците, покрај неколку други познати тенисери. Тогаш ја запознав Леди Дајана. Во првиот разговор, таа ме праша дали сум јас тенисерот што има најсилен сервис. Доби потврден одговор. Следната година се одржа и изложбен натпревар, па таа повторно дојде. Ме праша повторно дали мојот сервис е сè уште добар. Потоа почнавме да се дружиме и да се гледаме. Бевме блиски“, вели Живојиновиќ.

Му ласкало што ги следела неговите натпревари од трибините со другите љубители на тенисот.

Таа навиваше за мене. Ми беше драго што ме поддржа една таква жена. Таа го сакаше начинот на кој играв и се однесував на теренот и сè што оди со тоа. Дајана беше прекрасна личност со која можев да зборувам за обични работи. Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Бев изненаден од тоа колку е природна жена. Чест ми е што ја познавав. Нашите долги разговори беа сведени на приказни за секојдневните работи и за нашите деца. Филип е на иста возраст со нејзиниот помлад син Хари, така што тие главно беа темата за која разговараме“, се сеќава поранешниот спортист.

Извор: Курир.рс

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.