Бизарна приказна што ја шокира јавноста, избришано видео и тужба: Зошто се шушка дека Брижит Макрон го променила полот?

Шокантно

Јавноста се шокира од приказната дека сопругата на Емануел Макрон претходно била маж

Брижит Макрон отсекогаш ја интригирала јавноста. Таа е 24 години постара од својот сопруг Емануел Макрон, додека нивниот однос од самиот почеток предизвикувал контроверзии.

Тоа ги подгревало разните приказни и озборувања од сите типови, дури и оние бизарните.

Имено, тие се запознале за време на неговите училишни денови. Францускиот претседател тогаш имал 15 години, а она што е интересно и што предизвикал голем шок е што Брижит била негова професорка.

Долго ја криеле својата врска од очите на јавноста, знаејќи дека ќе се соочат со голема осуда. Во моментот кога се запознале, Брижит веќе била во брак, од кој има две ќерки и еден син. Таа го оставила својот сопруг поради Емануел Макрон.

Веднаш по разводот Брижит се омажила за Макрон, а тој одлучил дека нема да има деца и ги прифатил нејзините деца како свои.

Сопругата на францускиот претседател се нашла на голем удар од јавноста. Бизарната информација дека е родена како маж не престанува да шокира. Според медиумите, Брижит планирала да покрене правна постапка и да поднесе тужба против покренувачите на оваа изопачена теорија.

Оваа теорија минатата година била објавена и во тамошниот магазин Faits et Documents. Приказната објавена во споменатиот магазин инсистира на тоа дека тврдењето произлегло од тригодишна истрага што ја поткрепиле многу експерти. Заклучокот од приказната е дека Брижит Макрон е родена како маж по име Жан Мишел.

Новинарката за која се наведува дека ги истражувала тврдењата дала 4 часа долго интервју за оваа теорија, но видеото набрзо било отстрането од платформата Јутјуб. Пред да биде избришано, видеото забележало околу 470 илјади прегледи.

Се зборуваше дека е родена како маж, оваа фотографија е доказ: Вака изгледала Брижит Макрон во младоста!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.