„Бев осамена, со месеци не излегував од палатата“: Меган Маркл искрено за најтешките моменти во животот!

Искрена

Меган Маркл открила што се случувало зад затворени врати

Венчавка со принц и живот во палата звучи навистина бајковито. Иако се чини дека Меган Маркл имала совршен живот, таа тврди дека тоа е далеку од реалноста. Таа тврди дека тоа совршенство и идиличен живот се само маска за јавноста.

Во емисијата на Опра Винфри, таа признала дека се чувствувала осамено и изолирано од целиот свет.

„Се случуваше да не можам да одам на ручек со пријателите, бидејќи медиумите ме следеа во секој чекор“.

Додала и дека ја советувале да се „смири“.

Исто така, рекла дека не ја напуштала палатата со месеци.

„Сите ми велеа дека моите постапки ќе бидат проследени во јавноста, но никој не се грижеше за тоа како јас се чувствувам. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку осамено.“

Кралицата Елизабета нема да ѝ го прости ова: Меган Маркл изнела шокантни детали за животот во кралското семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.