Аца Лукас откри: „За влакно избегнав СМРТ, сите беа ЗАСТРЕЛАНИ во тој автомобил!“

Морничаво

Пејачот низ годините молчеше за ситуацијата во која за малку ќе го изгубеше животот.

Аца Лукас во главниот град на Србија одржа спектакуларен концерт и со белградската публика го прослави 54-от роденден.

Сепак, неговиот живот е многу турбулентен, па првпат откри дека пред неколку години за влакно ќе го изгубел животот, само затоа што одбил пријателот да го однесе дома.

За влакно избегнав една несреќа што не беше наменета за мене! Бев со друштвото на ручек во еден ресторан. Кога излеговме од ресторанот, пријателот се понуди да ме однесе дома бидејќи мојот автомобил беше на мајстор, се расипа. Не знам од која причина го одбив, но го направив тоа. Викнав такси и заминав во станот, се потсети Аца за немилиот настан, пренесува српски „Курир“, и додаде:

Неколку минути откакосе разделивме, на 300 метри од ресторанот во кој седевме, застрелани беа сите кои тргнаа кон автомобилот, во кој можев да бидам и јас! Никој не остана жив! Седев сам дома, слушав вести и не можев да верувам што слушам. Прво ми беше жал за пријателот кој загина, а потоа ме облеа студена пот. Беше страшно! И денес кога ќе се сетам дека можев да загинам, ми се враќа тоа одвратно чувство, заклучи Аца, кој одвај го надминал шокот од сознанието дека за малку ќе беше мртов.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.