Каролина Гочева за првпат прозборе за нејзините разведени родители и откри во какви односи се! (ВИДЕО)

Ова досега никогаш не го кажала во јавност...

Познатата пејачка Каролина Гочева по повод нејзиниот голем концерт закажан за на 1-ви јули во Скопје гостуваше во емисија на порталот „Репортер.мк“, во кое зборуваше за својот професионален живот, приватен живот, а за првпат прозборе и за нејзините разведени родители.

Тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели. „ Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи.

Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата. Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.