Емотивно интервју на Кристијано Роналдо: Фудбалерот прозборе за загубата на синот! (ВИДЕО)

Тажно...

Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо со своето последно интервју просто го “разниша“ фудбалскиот свет.

Тој отворено зборуваше за Манчестер Јунајтед, за сите случувања околу и во клубот, но и за неговите поранешни играчи како на пример за Вејн Руни.

Сепак дел од тоа славно интервју тој говореше за својот починат син.

Пред неколку месеци новородениот син, близнак на Бела Есмералда, почина Ангел. Тоа беше голема загуба за него и неговата Џорџина:

„Кога Џорџина дојде дома по породувањето децата прашаа – а каде е другото бебе? После една недела иако ми беше тешко сепак сакам да бидам искрен со нив, им кажав дека Ангел замина во рајот. Тие разбраа, јас им ја кажав вистината. Ја чувам урната од пепелта од својот син заедно со онаа од мојот татко кој почина во 2005 година, во капела, во подрумот на мојот дом. Разговарам и со двајцата“ – рекол покрај другото во интервјуто.

Погледнете дел од интервјуто:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.