Болеста се вратила кај Драгана Мирковиќ: Сопругот Тони загрижен, семејството во солзи! (ФОТО)

Било доста сериозно...

Фото: Рајко Ристиќ

Фолк-дивата Драгана Мирковиќ пред пет-шест години имаше сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди, па била принудена да направи операција на колковите.

Меѓутоа, пејачката имала болест од порано, а несреќата само дополнително ја влошило ситуацијата.

„Сум имала година дена кога забележале дека имам исчашени колкови. Во тоа време, тоа било голем проблем. Бев пред операција со мали шанси за успех, таквите деца остануваат со пократка нога. Родителите беа очајни, мајка ми многу плачеше. Беше трагедија да имаш женско дете кое нема да може убаво да оди. Нашиот стар кум ни кажа: Немојте да плачете, тоа дете ќе биде нешто посебно“ – раскажала Драгана во една прилика.

„До мојата втора година бев по болници, долго во гипс, на терапии, одвоена од мајка ми, бидејќи не дозволуваа да биде со мене. За мене тоа беше страшна траума, долго се плашев од болници, имав ноќна мора. Кошмарните сонови траеаа до тинејџерските денови, се будев со страв и врескање. Кога еднаш зачекорив како што треба, не можеа да ме застанат, да ме натераат да седнам или да јадам. Бев немирно дете. Подоцна се испостави дека нашиот кум бил добар пророк“ – рекла Драгана.

Драгана на крајот успешно се изборила со сериозниот здраствен проблем. Меѓутоа, сообраќајната несреќа која ја имаше пред неколку години, ја влоши ситуацијата, па поради повредите на половината, била принудена да одмара три месеци, а потоа следела операција на колковите…
Семејството и сопругот Тони биле загрижени, но на крајот операцијата поминала успешно, а Драгана нема никаков проблем денеска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.