Битолчанката Матеа освои титула за најдобро тело на изборот за убавина во Бејрут! (ФОТО)

Таа е членка на модното студио „Црнокрак“...

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за „World Next Top Model“ за 2023 година

Нашата држава ја претставуваше 18.годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело – „MISS BEST BODY“, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, односно „World Next Top Model“ за 2023 година е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.

Изборот се одржа во театарската сала на „Casino Du Liban“ во Бејрут, во организација на „Style Events Production“ од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.

Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.