Бијонсе се одлучи за креација на српска дизајнерка и изгледаше… НЕВЕРОЈАТНО! (ФОТО)

Погледнете!

Нејзиниот изглед ги остави сите без здив, а кога ја видите ќе ви стане јасно зошто е спектакуларна…

Една од најголемите светски музички ѕвезди, Бијонсе, одржа концерт во Лондон, отворајќи ја својата најнова турнеја наречена Renaissance. Оваа турнеја, која е и промоција на нејзиниот седми студиски албум, е долгоочекуван настан за љубителите на музиката ширум светот.

Бијонсе веќе ги освои срцата на многумина од нашите простори кога синоќа се појави во Лондон на настап во фустан дизајниран од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.

Очекувано, дизајнерката ја сподели фотографијата на својот инстаграм-профил изразивајќи голема благодарност до пејачката, како и до својот тим.

Бијонсе изгледаше неверојатно во кралско синиот фустан со необичен крој, долг шлеп и ракавици во истата боја. Нејзиниот изглед беше комплетиран со впечатлив накит, а косата и беше кадрава и пуштена.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.