Немања Гудељ повторно се огласи по загубата на бебето – малото ангелче е за несудената ќеркичка (ФОТО)

Новата објава на Гудељ е уште потажна… Тој и Анастасија моментално го минуваат најтешкиот период од животот.

Фудбалерот Немања Гудељ преку својот инстаграм-профил завчера ја информира јавноста дека, за жал тој, и неговата избраничка Анастасија Ражнатовиќ го загубија своето бебе.

Анастасија вчера одлучи целосно да се повлече од јавноста, па го затвори својот профил на оваа социјална мрежа, а најтешкиот период во животот низ кој сега минува го поминува во друштво на Немања и најблиските пријатели и членови на семејството.

Гудељ одлучи повторно да се огласи на својот Инстаграм, и да им се заблагодари на луѓето за поддршката и убавите зборови што им беа испратени.

Ви благодарам! – напиша Немања на шпански со емотикон на црвено срце и склопени раце.

По оваа објава, Немања објави и своја фотографија од фудбалскиот терен, а емотиконот ангелче растажи многумина.


Немања ги објави и зборовите за поддршка од колегите, но и од навивачите на фудбалскиот клуб, кои ѝ порачаа на „Севилја“ да игра за ќерката на Гудељ.

Фото: Prinstcreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.