МИС ЕВРОПА: Две македонски убавици од Бејрут се враќаат со титули! (ФОТО)

Браво девојки!

Вчеравечер во хотелот Хилтон во Бејрут, Либан се одржа големото финале на изборот за „Мис на Европа“ за 2022 година.

Голем успех за Македонија, двете наши претставнички се закитија со титули. Двете убавици влегоа во Топ 10, а на крајот Мија Стерјовска ја освои титулата Втора придружничка, а Ана Брзанова титулата Miss Friendship.

Фото: Промо

На овој избор победи претставничката на Србија, а титулата Прва придружничка ја освои девојката од Шпанија.

Финалистките од цела Европа 15 дена претстојува во Бејрут, каде се подготвуваа за големото финале.

И Мија и Ана се членки на Модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за овој најпрестижен Европски избор за убавина.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе