Антониа Гиговска се повлекува: Пејачката шокираше со својата објава! (ФОТО)
Еве за што се работи!
Познатата пејачка Антониа Гиговска оди на заслужен одмор. Таа ги информира своите следбеници на социјалните мрежи дека ќе се повлече од јавната сцена. Како што и самата вели во својата објава, Антониа сака малку да се опушти.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
Драги мои, сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа пак ќе се „затворам” во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а дотогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Кој знае колку ќе ми недостигате! ❤️😊
Наскоро ќе ја видите новата Антониа.
Јас мислам дека ќе ви се допадне 😊🥰Последни 2 настапи се
18.2 / Club Space / Куманово
25.2 / Club De Facto / ГевгелијаВе чекам и ве сакам! 🙏
Инаку, Гиговска е во блажена состојба и наскоро ќе се оствари во улогата на родител заедно со својот избраник Роберт Спасенцовски.
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.