Колку вода треба да пиете за да го зајакнете имунитетот и да обезбедите соодветна хидратација?

Внесувајте течности

Постојат одредени видови храна што можат да помогнат да се намали веројатноста за дехидрирање, а за да може организмот да има доволно течности да функционира нормално, внимавајте колку и што пиете, велат експертите.

Во летните горештини, слушаме многу за „како треба да се остане хидриран“, но како точно го сториме тоа? Дали е тоа едноставно како да земеме голтка вода кога сме жедни?

Правилната хидратација е апсолутно неопходна за здраво тело. Луѓето имаат потреба од вода, како и правилен баланс на електролити, за скоро секој телесен процес, вклучително и имунитетот.

Како хидратацијата влијае на имунитетот

Добрата хидратација е клучна за функционирањето на имунолошкиот систем. Мукозата, како онаа во устата и носот, е прва одбрана на телото против вируси. Ако тие стануваат дехидрирани, тие не можат да создадат влажна облога што ги спречува вирусите и бактериите да не се лепат на ткивото.

Хидратацијата исто така игра добро позната и суштинска улога во протокот на лимфниот систем во организмот што поддржува производство и дистрибуција на антитела и клетки на имунолошкиот систем.

Колку вода треба да пиеме?

Некои популарни совети сугерираат да пиете осум чаши вода на ден. Сепак, потребите на сите ќе зависат од големината, нивото на активност, исхраната и временските услови.

Претпоставувајќи умерена клима и умерени активности, научниците препорачуваат 15 чаши течност за мажи и 11 за жени. Препорачаниот внес на течности вклучува околу 20 проценти течност од храна. Што се однесува до пиењето, тоа е околу 12 чаши на ден за мажи и нешто повеќе од девет чаши за жени.

Луѓето треба да го зголемат внесот на течности при топло и влажно време, на големи височини, кога се болни или за време на физичка активност што предизвикува потење. Во суштина, секој пат кога телото природно губи повеќе течност со испарување на кожата и дишење, внесот на вода треба да се зголеми. Бремените жени или доилки, исто така, треба да го зголемат внесот на течности.

Вода преку храна

Покрај витамини, минерали, електролити и антиоксиданти, многу овошје и зеленчук се богати со вода. Краставици, целер, лиснат зеленчук, тиквички, дињи, бобинки и карфиол можат да помогнат во одржувањето на хидратацијата на телото.

Што е со минералната вода?

Таа хидрира, како и обичната вода, но дури и газираните пијалаци без шеќер можат да имаат негативни ефекти. Постојат докази дека газираниот пијалак може негативно да влијае на забната глеѓ. Умерено количество минерална вода е добро.

Што се електролити и зошто се важни?

Електролити се минерали како калциум, натриум и магнезиум кои носат електрично полнење кога се раствораат во телесни течности. Ова мало електрично полнење е она што му помага на телото да ја регулира рамнотежата на течностите и pH вредноста. Исто така, им овозможува на нервниот систем и мускулатурата, вклучително и срцето, да функционираат правилно. На кратко, електролитите се клучни.

Електролитички минерали може да се најдат во многу храна и пијалаци, вклучувајќи ги и следниве:

Натриум и хлор: сол и солена храна – само обрнете внимание на количината на внес
Калиум: банани, авокадо и сладок компир
Магнезиум: семиња и ореви
Калциум: млечни производи и лиснат зеленчук.

Прочитајте и: Овие четири растителни масла се меѓу најздравите, научете се правилно да ги користите во кујната

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.