Како да јадете помалку?

Гладни сте како волк? Неможноста да се воздржите од јадење е една од главните причини за дебелеење.

Обидете се да пиете чај со млеко и да јадете без брзање, полека џвакајќи ја храната. Јадете помалку но почесто, најдобро е четири-пет пати дневно, и секоја недела практикувајте два диетални дена на зеленчук или овошје.

* Особено се корисни тиквичките, тиквата и лубеницата поради високата содржина на целулоза и способноста да ја намалат апсорпцијата на холестеролот. Исто така, бобинките од огроздот манифестираат освежителен, холеретски и диуретски ефект. Делотворни се и морковот, зелената салата, цвеклото, јаребиката, како и зелката.

* Се препорачуваат и соја, грав, малку препечени семки, но и јаткасти плодови, кои брзо ќе ве заситат и притоа ќе ја намалат употребата на главните извори на јаглехидрати – како леб и печива.

* Пијте сокови од морков, спанаќ, цвекло, краставица.

ПОТСЕТНИК

ЈАДЕТЕ…

… зеленчук, овошје и диви плодови бидејќи се одлични сојузници во борбата со дебелината.

ОКУПИРАЈТЕ СЕ…

… со интересни работи така што ќе немате време да ѕиркате во фрижидерот.

СЛЕДЕТЕ…

… ЈА РУБРИКАТА ЗДРАВЈЕ на порталот ubavinaizdravje.mk и ќе најдете одговор на многу прашања врзани за здравјето.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pexels / Gustavo Fring

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.