Кафе на „гладно срце“ е грешка: ЕВЕ ЗОШТО!

Ако почнете со кафе штом ќе станете, правите голема грешка. Д-р Дебора Ли вели дека кофеинoо што го внесуваме во организмот веднаш по будењето му штети на нашето здравје и не ни го дава енергетскиот поттик што го посакуваме.

Кога ќе се разбудите, нивото на кортизол, хормон на стрес кој ги зголемува будноста и фокусот, е на својот врв и прави повеќе штета отколку добро, објасни таа.

Д-р Ли вели дека хормонот на стрес обично го достигнува својот врв во рок од 30 до 45 минути откако ќе се разбудиме, а потоа почнува полека да опаѓа, што е совршено време за пиење кафе.

Добро е да се чека 45 минути по будењето. Всушност, треба да пиеме кафе кога кортизолот е многу понизок, истакна таа.

Докторката забележува дека идеалното време за пиење кафе зависи од нашиот ритам.

Ако се разбудите околу 7 часот наутро, ќе добиете најмногу придобивки од пиењето кафе помеѓу 10 и 12 часот. Внимавајте да не пиете кафе предоцна во текот на денот бидејќи тоа може да влијае на вашиот сон, истакна таа.

Д-р Дебора вистакнува дека последната шолја кафе треба да ја испиеме најмалку шест часа пред спиење.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.