Сите сакаат да ја пробаат нејзината диета: Како ослабна Адел?

Sirtfood е новата тренди диета во светот!

Sirtfood диетата е новиот тренд во поглед на исхраната, а се крена голема прашина откако пејачката Адел призна дека се хранела по овој принцип.

Во денешно време, навистина се појавија многу режими на исхрана кои ветуваат губење на килограмите. Меѓутоа, како што знаеме, ниту една диета не е целосно здрава, ниту безбедна.

Sirtfood диета

Во морето трендови на режими на исхрана се појави и најновата диета која е се популарна кај познатите личности, вклучувајќи ја и Адел.

Диетата се базира на група протеини сиртуини, кои го регулираат метаболизмот и другите важни функции во организмот. Овој режим на искрана се фокусира на внесот на малкуте калории, преку храната која е богата со тие протеини.

Со тоа што, доаѓа до промена во метаболизмот и телото согорува масни наслаги. Дозволен е дневен внес на калории е околу 1500 и се состои од две фази. Првата фаза дозволува 1000 калории и се потпира на два оброка и две зелени смутиња дневно, а другата фаза (1500 калории) се консумираат три оброка и едно зелено смути дневно. Диетата би требало да трае 21 ден, не подолго.

Овој режим на исхрана дозволува зелен чај, кељ, јаболка, цитрус, магдонос, црвено вино, ореви, темно чоколадо, боровинки, кафе, соја, екстра ладно маслиново масло, јагоди, каперси, грав итн.

Дали е безбедна оваа диета?

Оваа диета ја склопија двајца американски нутриционисти и се смета дека е безбедна. Сепак, малиот внес на калории може да влијае негативно на нивото шеќер во крвта. Според некои експерти, првата фаза која дозволува само 1000 калории дневно, не е безбедна за еден возрасен човек. Имено, недоволниот внес на калории влијае и го пореметува правилното функционирање на целиот организам. Во прашање е екстремен калориски дефицит.

Од друга страна, намирниците кои се консумираат се генерално многу здрави и имаат антиоксидантни својства.

Сепак, има недоволно истражувања на оваа тема за да може да се дојде до конечниот заклучок. Она што може да се посоветува е дека за здраво губење на килограми потребен е избалансирано мени и физичка активност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.