Постојат неколку причини зошто е добро редовно да јадете печурки

Одлични придобивки

Покрај тоа што нудат разновидност на чинијата, печурките се храна богата со хранливи состојки, која ќе ве држи сити долго време, ќе го зајакнува здравјето на цревата и ќе ве снабдува со витамин Д.

Диететичарката Џема О’Хенлон смета дека печурките треба да се нарекуваат суперхрана бидејќи нудат неколку хранливи состојки, го задоволуваат гладот, го елиминираат лошиот здив и го зголемуваат нивото на витамин Д.

– Печурките се одличен начин да додадете вкус на оброците, а сега знаеме дека потрошувачката на печурки е поврзана со низа здравствени придобивки – рече таа.

„Додадете ги на кое било јадење и тие ќе му дадат одличен вкус – од рижото, супи, чорби до болоњезе, па дури и пица“, рече таа.

„Nutrition Research Australia“ спроведе студија во која научниците открија дека печурките што ги јадеме најчесто содржат голем број биоактивни состојки кои не се наоѓаат само во зеленчукот, туку и во месото, житарките и јаткастите плодови.

Витамин Д

– Печурките кои се изложени на сончева светлина се извор на витамин Д и можат да дејствуваат како ефикасен додаток во исхраната во овој поглед – се наведува во студијата.

– За да го искористите витаминот Д од печурките, оставете ги на сонце 15 минути со капчињата свртени наопаку. Тоа е едноставен трик што ја зголемува содржината на витамин Д во печурките за дури 10 пати. Дополнително, користете ги сите делови од печурката во вашите оброци, вклучително и капачето и стеблото. Многу луѓе не сфаќаат дека има навистина богатство на хранливи материи во дршката, затоа не ја фрлајте – вели О’Хенлон.

Чувство на ситост

Јадењето печурки го продолжува чувството на ситост, го намалува гладот ​​и ќе консумирате помали количини храна за остатокот од денот. Затоа печурките се идеална компонента на здравата исхрана и оние што внимаваат на линијата.

Здравје на дебелото црево

Ако сакате да имате здраво дебело црево, печурките дефинитивно треба да бидат на вашето мени. Тие содржат специјални пробиотици кои хранат здрави бактерии во цревата и ја намалуваат појавата на лош здив.

Поддршка за имунитет

Печурките се богати со антиоксиданти кои ни помагаат во борбата против слободните радикали и ја зајакнуваат имунолошката функција.

Помал ризик од рак

Редовно јадење печурки е поврзано со намален ризик од рак на јајници и забавување на прогресијата на рак на простата.

Здравје на срцето

Клеточните sидови на габите се богати со бета глукани, растворливи влакна што обично се наоѓаат во овесот, а тие имаат својства на намалување на лошиот холестерол во крвта и со тоа го зачувуваат здравјето на срцето.

Зошто имаат статус на суперхрана?

Раководителката на истражувањето на „Nutrition Research Australia“, д-р Флавија Фајет-Мур, истакна дека поради сите својства на печурката треба да се стави меѓу суперхраната.

– Тие претставуваат посебно кралство во светот на храната и истражувањето ширум светот. Сите научни студии од пред 20 години покажаа дека имаме причина да ги сметаме за супер храна. Тие се биолошки различни од растенијата и животните, но повторно содржат уникатни биоактивни состојки кои помагаат на имунитетот на клеточно ниво и влијаат на микробиотата – тврди таа.

Трудот е објавен во списанието Журнал за нутриционистичка биохемија и е првото систематско дело што го разгледува влијанието на здравјето на габите Агарикус Биспорус врз здравјето.

Прочитајте и: Диета без јаглехидрати

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.