Диета без јаглехидрати

Пример мени за една недела

Ваквиот вид на исхрана особено е популарен меѓу спортистите и е одлично решение доколку сакате брзо и лесно да се ослободите од неколку килограми

Основата на диетата ја прават прехранбени намирници богати со белковини и корисни масти, како и отсуство на прости јаглехидрати. Со ваквата исхрана ќе го потиснете чувството на глад и ќе го активирате топењето на мастите. Се советува строго придржување на диетата неколку недели, а потоа можете да ја коригирате исхраната, за да не му нанесете штета на своето здравје.

Дозволени намирници

Меѓу намирниците препорачани за употреба преовладуваат оние со висока содржина белковини.

* Мисиркино, пилешко, говедско и телешко месо, црн дроб, срце, морски плодови и риба. Овие намирници можете да ги употребувате без ограничување.

* Сирење, урда, кисело млеко, кефир, природен јогурт без додатоци.

* Јајца можете да вклучите во исхраната неколкупати неделно.

* Какви било печурки – немојте да ги пржите, туку динстајте ги или додавајте ги во други јадења.

* Зеленчук: листен зелен зеленчук, краставици, бела зелка, карфиол, брокули, ротквички, целер.

* Овошје: јаболка, калинки, портокали, грејпфрут и лимони можете да јадете без ограничување. Праски, сливи, урми – со нив понекогаш збогатете ја својата исхрана.

* Семки и коскесто овошје: лешник, оревови јатки, семки од тиква и од сончоглед, сусам. Овие намирници се одличен извор на корисни масти.

* Напивки: црн и зелен чај, одвар од суво овошје, бобинки и мирисни листови, компот, домашен овошен сок. Сето тоа пијте го без додаток од мед или шеќер.

* Во текот на денот задолжително испијте минимум литар и половина чиста негазирана вода.

* Овесна каша, мешунки, хелда – неколкупати неделно во минимално количество.

Забранети производи

За да биде диетата била максимално ефикасна, треба да ги исклучите од исхраната следните производи:

* сите видови слатки: бонбони, кекси, колачи, мед, џем, сладолед, торти, бонжита;

* слатките видови овошје: банани, грозје, смокви;

* сувото овошје: смокви, кајсии, сливи, суво грозје, урми;

* лебот и печивата;

* житарките и тестенините;

* месните преработки (виршли, паштети и др.) и брзата храна;

* некаков вид зеленчук: цвекло, компир, пченка, морков;

* алкохолните напивки – тие го поттикнуваат апетитот.

Пример мени за една недела

За време на диетата исхраната ги подразбира само дозволените производи. Се препорачуваат три основни оброци и две ужини. Порцијата белковини би требало да биде приближно 300 г, а зеленчук 120–150 г. За десерт земете помала порција коскести плодови и семки или изедете некаков цитрус или јаболко.

* Појадок – неколку тенки резанки сирење, две варени јајца, чај или кафе.

* Ручек – немрсно месо (пилешко, мисиркино, телешко) приготвено на пареа, сварено или печено во фолија, свежа салата од зеленчук, сирење.

* Ужина – половина цитрус, помала порција коскести плодови или семки.

* Вечера – риба (варена, печена) или немрсно месо со грашок или листен зелен зеленчук.

* Пред спиење – чаша ферментиран млечен производ: кисело млеко, кефир, јогурт.

Се препорачува пијалаци да не земате веднаш по јадењето. Најдобро би било да почекате барем половина час. По една недела диета, исхраната можете да ја збогатите со малку поинакви намирници, но секогаш давајте им предност на здравите производи.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе