Нутриционистите предупредуваат на една грешка што ја правите со кафето: Вака се лажете себеси и затоа се чувствувате сонливо!

Лоша навика

Колку и да ви се чини дека попладневното кафе нема последици, се лажете

Денес ретки се оние што пијат кафе само наутро, како првата омилена напивка за будење. Секако, ова важи само за љубителите на овој пијалак, но сигурно ви се случило по работа, во текот на денот или вечерта, да се видите со пријателка и повторно да нарачате кафе.

Кога ќе почувствуваме дека ни недостига енергија, обично посегнуваме по шолја кафе, не размислувајќи која ни е по ред во текот на денот. Сепак, експертите истакнуваат дека иако се чувствувате сонливо, би требало да одбегнувате кофеин попладне. Тоа не значи дека морате засекогаш да се откажете од вашата омилена напивка.

Зошто би требало да го одбегнувате?

Тоа млитаво чувство веројатно е последица на пад на шеќерот во крвта, а втората шолја кафе дејствува само како залажување. Кога внесувате кофеин, вештачки го подигнувате нивото на шеќер во крвта и инсулинот, а потоа повторно ги спуштате, објаснуваат нутриционистите.

„Секогаш кога ќе посегнете по кафе за да ве стимулира, ќе се чувствувате подобро еден час до два, а потоа повторно ќе паднете. И така можете да земете трета шолја и залудно да продолжите со лошата навика“, велат тие.

Сепак, кафето само по себе не е проблем – тоа обезбедува борјни фитонутриенти. Доколку трагате по замена за вашата омилена напивка, макар со цел да пиете помалку одошто сте навикнати, треба да ја изедначите енергијата. Тоа ќе го постигнете така што ќе ги оптимизирате вашите хранливи материи. Погрижете се појадокот да содржи повеќе влакна и ручекот да биде богат така што доволно ќе ве засити, бидејќи на тој начин ќе ја одржите рамнотежата на нивоата на шеќер во крвта и ќе одбегнете нивно нагло паѓање во текот на попладнето.

Можеби ќе посакате да најдете начин да го одржите нивото на кортизол стабилно. Повеќето луѓе што го чувствуваат тоа попладневно паѓање имаат криза на кортизол. Покаченото ниво на кортизол со текот на времето го подигнува шеќерот во крвта, што може да придонесе за тој попладневен пад. Многу фактори можат ненамерно да го покачат нивото на кортизол, како што се недостиг од сон, зголемен стрес, лоша исхрана и слично, но можете да примените одредени навики за да ги одржите тие нивоа во рамнотежа.

За да го намалите нивото на хормонот за стрес, можете да испиете зелен чај или кој било цитрусен пијалак.

3 сигнали дека претерувате со кафето: Ако ги почувствувате овие проблеми, веднаш престанете да го пиете!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.