Не следете го нејзиниот пример: Омилената кето-диета на Меган Фокс е лоша за здравје?

Исхрана

Според најновите истражувања, омилена диета на Меган Фокс е кето диета, која го намалува струкот, но она што не го знаете е дека лошо влијае на мозокот. Еве за што се работи.

Актерката Меган Фокс веќе долго време води здрав начин на живот и подготвена е да се ограничи во се за да има идеално тело. Таа е подготвена да оди до таа мера, дури и да не пие кафе или да јаде јаглехидрати ако докторот така ја советува. Имено, Меган преферира кето исхрана, а според најновите истражувања, оваа диета е една од најнездравите. Еве зошто.

Омилена диета на Меган Фокс и последиците по здравјето

Меган пред неколку години, според советот на својот нутриционист, одлучи да ја проба кето диетата, многу популарен режим на исхрана во фитнес круговите, и навистина се покажа дека целосното исфрлање на јаглехидратите доведува до брзо ослабување, а зголемената количина на здрави масти и протеини помага губењето на тежината да биде што побезбедно за нашето здравје. Со овој вид на исхрана, нашето тело не внесува енергија од гликозата, туку од кетоните произведени од црниот дроб. Ова го нормализира нивото на шеќер во крвта, ја подобрува благосостојбата на организмот и го забрзува нашиот метаболизам.

Ако таквата диета помага за кратко време да дојдеме до идеалната форма и да се исчисти телото, Меган одлучи таа да и биде доживотен начин на исхрана.

„Одамна го исклучив лебот и скоро сите јаглехидрати од исхраната. Без крекери, чипс или било што е нездраво. Најлошата работа која ја додавам во своето тело е кафе еднаш дневно“, изјави Меган во 2014 година. Од тогаш, таа престана да пие кафе, но и алкохол.

Кето диета и здравје

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека долготрајната исхрана на масти може да го уништи мозокот. Имено, студијата изведена на глувци покажува дека оние кои консумирале поголем дел на масти, имале поголема веројатност да развијат дијабетес и биле помалку интелигентни. Според тоа, глувците со оваа диета, исто така, развија и психолошки проблеми како зголемен број на отчукување на срцето, зголемена аксиозност, а забележано е и намалување на нивото на физичката активност.

Истражувањата и понатаму покажуваат дека кето диетата не е погодна за припадниците на понежниот пол.

„Жените различно ги метаболизираат мастите и различни гени се вклучени во тој процес. Иако кето диетата помага во губењето на килограмите, на долги стази, оваа диета влијае негативно на рабоата на мозокот. Не е јасно дали сите масти се метаболизираат со кето диетата или многу од тоа едноставно се акумулира во телото. Стандардните диети содржат 20-35% масти, додека кето диетата може да содржи и до 70 или 80% масти, што е крајно неприфатливо високо“, се наведува во студијата на сајтот Frontiers.

Затоа докторите советуваат да не го следите примерот на Меган Фокс и обидете се да го слушате своето тело, а не за доручек, ручек или вечера да јадете само масна риба или месо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.