Кој зеленчук и овошје треба да ги чувате во фрижидер, а кој не?

Корисни совети

Мими Морли, готвач и автор на блог за храна наречен „Hello Fresh”, неодамна сподели неколку совети за тоа кое овошје и зеленчук треба да се чуваат во фрижидер и кои не треба.

„Честа е заблудата дека бананите треба да се чуваат надвор од фрижидерот. Ставањето во ладно опкружување на посакуваното ниво на зрелост ќе го продолжи нивниот рок на траење“, вели Мими Морли, готвач и автор на блог за храна наречен „Hello fresh”. Таа неодамна сподели со читателите неколку совети за тоа која храна да ја чувате во фрижидер, а која не.

Таа додава дека кората од банана во фрижидерот ќе добие и кафени дамки, или ќе се претвори во црна боја, но месото на бананата ќе остане исто, а рокот на траење ќе биде продолжен за околу една недела.

Многумина прават грешка бидејќи некој зеленчук, како морковот и компирот, го оставаат во пакувањето, вели таа.

„Коренест зеленчук напредува во темни и суви услови, со многу вентилација, а пластичното пакување често создава влага, создавајќи средина во која брзо се расипува“. Таа додава дека краставиците не треба да стојат во фрижидер, туку само на студено затоа што тие реагираат лошо на екстремно ладни услови.

И портокалите, додава таа, подобро се чуваат надвор од фрижидерот за да се избегне влагата да го расипува нивниот корен, а потоа и вкусот. Најдобро е да ги оставите на собна температура, во сад со овошје.

Од друга страна, бобинки, како што се боровинки, малини, јагоди, капини и цреши, секогаш треба да се чуваат во фрижидер, додека на повеќето други плодови им се потребни различни услови во различни фази на процесот на зреење, па сето тоа зависи од тоа во која фаза е плодот што сте го купиле.

Прочитајте и: Зеленчук со неверојатни лековити својства: Спречува рак, исфрла токсини и го закрепнува целиот организам!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.