Истражувањата откриле дека многу жени всушност сакаат да гледаат филмови за возрасни

Истражувачите ги поделиле жените што следат ваква содржина во различни групи според нивните причини – и тие најчесто се засноваат на љубопитност, похота, желба да го зачинат сексуалниот живот, но и можностите за реализирање на фантазии.

Кога жените јавно коментираат порно, некои велат дека уживаат да го гледаат, но повеќето ги осудуваат како шовинистички, плитки, површни, па дури и одбивни. Но, што и да кажат, анализа на податоците за гледачите на PornHub (најпопуларната страница за порно во светот) е дека жените сочинуваат 32 проценти од вкупната публика.

Ова значи дека третина од жените гледаат ваква содржина, а дел од нив редовно. Според студијата на универзитетот во Денвер, околу 45% од жените кои признале дека гледаат, рекле дека тоа го прават со партнерот, а 30% од нив претпочитаат да гледаат сами.

Кои се жените кои сакаат да гледаат?

Сексолозите ги поделија во четири категории. Првите се љубопитни и сакаат да научат повеќе за некои сексуални техники. Други го прават тоа од похота, како што прават мажите, и визуелно помагало за мастурбација.

Една група сака да гледа „феминистичко порно“, додека четвртата вели дека порнографијата им доаѓа како зачин и освежување на сексуалниот живот во врска.

Но, еден од запоставените, но секако многу важни двигатели кај жените кои сакаат да гледаат порно, се фантазии за BDSM, според сексологот Мајкл Калдман.

Околу 66 проценти од жените фантазираат дека имаат секс со странец, а најчеста сексуална фантазија е онаа во коа тие се сексуален предмет, додека другата страна доминира со нив.

Тие го бараат она што го немаат во секојдневниот живот

Популарноста на садомазохистички еротски романи ги охрабри жените конечно да зборуваат за своите фантазии и, наводно, да ги заменат воспоставените мисионерски пози со дивеење во кревет. Трендот што започна со трилогијата „50 нијанси“ на Е. Л. Џејмс наиде на светски успех, но сепак повеќето жени не сакаат јавно да зборуваат за своите фетиши и фантазии, па дури ни пред своите пријателки.

Популарноста на еротските романи во современото општество првенствено може да се објасни со фактот дека средовечните жени генерално се жедни или гладни за сексуална љубов, па еротските љубовни романи претставуваат еден вид исполнување на нивните фантазии, во отсуство на нешто поконкретно и поквалитетно во нивните секојдневни, не особено возбудливи животи.

Може да се започне и од тезата дека средовечните мажи во бракови темелно не успеваат како сексуални партнери и дека не секогаш се задоволителен одговор на сексуалните апетити на жените, како што објаснуваат аналитичарите.

Прочитајте и: Зошто е добро да се биде себичен во кревет?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.