Едниот близнак бил веган, а другиот јадел месо 12 недели: Резултатите биле неверојатни, а разликата во изгледот очигледна!

Експеримент

Истражувањето на браќата близнаци кои се хранеле различно, покажало многу интересни резултати

Се чини дека веганската исхрана станува сè попопуларна и сè повеќе луѓе се префрлаат на вегански режим на исхрана, верувајќи дека е поздрав.

Меѓутоа, и покрај тоа, дебатите на таа тема и понатаму се водат. Додека едни тврдат дека веганската исхрана е клучот на здравјето и добриот изглед, други веруваат дека тоа е апсурдно и дека намирниците од животинско потекло се неопходни, поради големата количина на протеини што ја содржат.

Браќата близнаци Хуго и Рос Тарнер одлучиле да ја решат оваа дилема, па спровеле истражување со помош на своите тела. Имено, целта им била да видат како нивното тело се менува со одреден начин на исхрана.

Дванаесет недели Хуго (лево на фотографиите) јадел само веганска храна и се придржува до вегански режим, додека неговиот брат близнак практикувал исхрана со многу месо, за да ја воочат разликата.

Во овој интересен експеримент им помогнале професори од Кралскиот колеџ во Лондон, кои ги следеле нивната тежина, холестеролот, телесните маснотии и многу други работи.

Тие двајца биле идеален избор за ова истражување, со оглед на тоа што се еднојајчани близнаци. Покрај прецизно пропишана исхрана, имале и тренинзи за издржливост пет до шест пати неделно, за да бидат подготвени за идните експедиции.

Внесувале ист број калории

Принципот бил и двајцата да внесуваат ист број на калории, додека намирниците се разликувале во составот. Резултатите биле видливи по само 12 недели. По веганската диета, холестеролот на Хуго значително се намалил и имал повеќе енергија која не му паѓала во текот на денот, бидејќи нивото на шеќерот во крвта не му паѓало толку како претходно. Освен тоа, неговиот ментален фокус бил далеку подобар, но имало и негативни страни. Од нему непозната причина, му се намалило либидото, но напоменал дека тоа може да се разликува од човек до човек.

Што се однесува до Рос, тој на почетокот од истражувањето имал 79 килограми и 13 отсто маснотии, а качил 4 килограми мускули и речиси 2 килограми маснотии, што ги зголемило неговите маснотии на 15 отсто, па истражувањето го завршил со тежина од 85 килограми. Неговиот холестерол останал непроменет во текот на целото истражување.

За да добијат што попрецизни резултати, близнаците го продолжиле истражувањето. Тие сакаат нивното истражување да трае барем шест месеци, до една година.

Научниците, исто така, земале нивни фекални примероци пред и по истражувањето и откриле интересни работи. Микробиомите на Хуго подобро го штителе од хронични болести, како што се дебелеење и дијабетес тип 2, што докажува дека веганската исхрана го поттикнува одржувањето на здравиот микробиом. Но, и кај Рос биле воочени ефекти на микроорганизмите, кои малку се промениле.

Погледнете како се одвивал нивниот експеримент во видеото во продолжение…

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Нутриционистите го откриваат своето мислење за палео диетата: Еве зошто е добар овој начин на исхрана!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.