Бабите во Македонија не сакаат ни да чујат за овие правила: Најдолговечните луѓе на планетата ги откриле тајните на здравата исхрана!

Дознајте повеќе

Тајната е во тоа колку храна ќе оставите во чинијата – нешто што бабите во Македонија никако не би го дозволиле

За жал, исклучително голем број случаи на срцеви болести, мозочен удар, рак и други смртоносни болест, е присутен како во нашата земја, така и во повеќето земји од западниот свет.

Поради тоа, многу истражувачи се фокусирале на секојдневната исхрана и начин на живот во поздравите култури. На пример, Сини зони се пет региони во светот со најголема концентрација на луѓе кои живеат до 100 години или повеќе и тие станале централен фокус во проучувањето на долговечноста и тајните на поздравиот живот.

Еден од регионите на Сивата зона е Окинава, Јапонија. Ако разговарате со некој од заедницата на Окинава, најверојатно би ви кажал дека тајните на нивната долговечност се поврзани со комбинацијата на целите, заедницата и здравата исхрана.

Поточно, една од секојдневните навики во исхраната што им служи како централен столб на здравјето е почитувањето на правилото 80/20.

Според истражувањето објавено во American Journal of Lifestyle Medicine, тоа значи дека луѓето на Окинава јадат додека станат 80% сити во текот на секој оброк. Всушност, би можеле и да чуете некој како ја изговара фразата „Хара хачи бу“ пред оброкот, што е древна изрека на Конфучиј, а во суштина значи „јади додека бидеш 80% сит“.

Овој начин на исхрана е спротивен на начинот што повеќето го практикуваат. Со огромните порции во рестораните, XL оброците во секој ресторан за брза храна, па дури и во слатките напивки од 850 грама што се нудат во синџирите за кафе, луѓето во светот постојано се бомбардирани со потребата да бидат сити.

Но луѓето од островот Окинава имаат многу поинаков однос кон храната. Според официјалниот веб-сајт Сини зони, традиционалната јапонска исхрана ја подразбира и желбата да се спречат болести, а не само обидот да се излечат кога ќе се појават. Со други зборови, тие ја гледаат храната како превентивен лек.

Кога станува збор за нивното правило 80/20, жителите на Окинава јадат полека за да му дадат време на стомакот да му соопшти на мозокот дека е полн. Тоа им помага да го спречат прејадувањето, а тие 20% од оброкот што ги оставаат на чинијата можат да направат значајна разлика во намалувањето или зголемувањето на тежината.

Повеќето нивни оброци исто така варираат во текот на денот. Според основачот на Сините зони, Ден Буетнер, заедницата Окинава (и повеќето други области на Сините зони), го јаде својот најмал оброк за ручек или за рана вечера и престанува да јаде потоа.

Може многу да се научи од овие луѓе за здравјето и долговечноста, не само правилото 80/20. Тие не само што веруваат во здравата исхрана, туку ја ценат и важноста на работите како што се заедницата, пронаоѓањето и остварувањето на својата цел, намалувањето на стресот и грижата за другите, секогаш кога тоа е возможно.

3 тајни на младоста и долговечноста на луѓето постари од 70 години
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.