10 причини што ќе ви докажат дека едно јајце дневно прави чуда за организмот!

Дознајте повеќе

Ако вашиот појадок вклучува едно јајце – на добар пат сте

Жолчките долго беа на „црната листа“ поради холестеролот, но научниците сега фокусот го ставаат на холинот, хранлива материја што го штити црниот дроб и може да помогне во превенцијата на Ацхајмерова болест.

Доколку јадете по едно јајце секој ден, ова се здравствените придобивки што можете да ги очекувате.

Губење масни наслаги

Доколку сакате да ослабите, јајцето за појадок е добар избор, особено со салата од свеж зеленчук. Тоа го докажало и истражувањето објавено во магазинот International Journal of Obesity. Во период од два месеца, една група луѓе јаделе по две јајца за појадок, а друга група јаделе печиво што содржело иста количина на калории. Луѓето што јаделе јајца полесно губеле масни наслаги и полесно постигнале потенок струк.

Намалување на воспаленијата

Јајцата се важен избор на фосфолипиди, биоактивни соединенија што имаат позитивно дејство на воспаленијата. Внесувањето фосфолипиди од јајцата и холини, истражувачите го поврзале со намалувањето на инфламаторните биомаркери. Намалувањето на воспаленијата влијае врз намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести, но и врз поттикнувањето на организмот да разградува масти.

Намалување на ризикот од срцеви заболувања

Еден од начините да го подигнете нивото на добриот холестерол е да го вклучите јајцето во вашето редовно мени. Луѓето кои имаат повисоко ниво на добар холестерол се изложени на помал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Изградба на мускулите

Кога вежбате, на вашето тело му требаат протеини кои ќе го нахранат мускулното ткиво по изложувањето на напор. Јајцата се одлична ужива или оброк по тренингот.

Зајакнување на имунитетот

Едно големо јајце содржи една четвртина од дневните потреби за селен, минерал кој му помага на нашиот имунитет и ги регулира хормоните на тироидната жлезда.

Зголемување на нивоата на енергија

Големо пржено јајце содржи 18 отсто од препорачаниот дневен внес на витамин Б2, еден од осумте витамини на Б-комплексот, кои му помагаат на телото да ја претвори храната во енергија.

Поубав изглед на кожата и косата

Витамините од Б-комплексот се неопходни за здрава коса, кожа, очи и црн дроб. Покрај тоа што содржат витамин Б2, јајцата содржат и витамини Б5 и Б12, кои се задолжени за правилно функционирање на нервниот систем.

Заштита на мозокот

Нутриционистите често велат дека јајцата се храна за мозокот, и тоа, пред сè, благодарение на холинот. Тој е компонента на клеточните мембрани и потребен е за синтеза на ацетилхолин. Истражувањата покажуваат дека недостигот од холин е поврзан со невролошки нарушувања и намалена когнитивна функција.

Придобивките за здравјето на мозокот им се припишуваат на омега-3 масните киселини, кои исто така се присутни во јајцата. Омега-3 масните киселини помагаат во превенцијата на срцеви болести, артритис и остеопороза.

Зајакнување на ноктите

Јајцата се одличен избор на биотин, кој помага за зајакнување на ноктите. Доколку ноктите ви се лупат или лесно пукаат, вклучете го јајцето во секојдневната исхрана. Благодарение на биотинот, кој во најголема концентрација се наоѓа во жолчката, ноктите набрзо ќе станат поцврсти.

Подобар одговор на стресот

Доколку ви недостигаат деветте аминокиселини што се содржат во протеинот на јајцето, тоа може негативно д асе одрази на вашиот одговор на стрес. Клучната супстанција е лизинот, есенцијална аминокиселина, која нашиот организам не може да ја произведе и мора да ја внесуваме преку храната. Лизинот позитивно влијае врз снижувањето на нивоата на стрес и анксиозност.

Јајцата се еден од најдобрите извори на лизин. Како што наведуваат експертите од Светската здравствена организација, дневните потреби за лизин изнесуваат 30 микрограми по килограм. Па така, за личност со 70 килограми, јадењето едно јајце дневно би обезбедило 22 отсто од дневните потреби за лизин.

Диета со варени јајца: Топи до 1.000 калории, а ќе пукате од енергија! (МЕНИ)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.