Депилација или бричење: Сè што треба да знаете

Кој од двата најчести методи за отстранување на влакна е подобар?

Депилацијата и бричењето се најпопуларните методи за отстранување на влакна, но тие се многу различни. Како што знаеме, депилацијата вклучува топол восок што ги отстранува влакната од корените со механичка сила, додека бричењето вклучува скратување на влакната.

И кој метод е подобар? Тоа зависи од голем број фактори, а подолу се наведени добрите и лошите страни кога станува збор за оваа дилема.

Бричење наспроти депилација

  • Бричењето е многу поедноставен процес од депилацијата со восок. Сè што треба да сториме е да скокнеме под туш. Кога станува збор за депилација, потребна ни е подготовка. За почеток, влакната мора да бидат доволно долги.
  • Бричењето трае помалку време (до 10 минути), додека депилацијата трае околу 30 минути, во зависност од областа од која отстрануваме влакна.
  • Колку брзо ќе растат влакната зависи од голем број фактори, вклучувајќи ја областа од која ги отстрануваме. На пример, во областа на бикини, како и под пазувите, влакната растат побрзо отколку на нозете. Во просек, по депилацијата, влакната растат за околу четири недели. Кога се бричите, кожата е мазна само неколку дена.
  • Без оглед колку сте подготвени, депилацијата е болна. Бричењето, од друга страна, е безболно.

Заклучокот е дека изборот на метод за отстранување на влакна зависи од вас и вашите лични афинитети.

Прочитајте и: Како да ги прикриете несовршеностите на нозете?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.