Како да ги прикриете несовршеностите на нозете?

Во лето, нозете се во преден план, затоа не дозволувајте несовршености да ја нарушат вашата самодоверба. Еве како да ги камуфлирате недостатоците на нозете …

Нестрпливо ја чекавте сезоната на мини здолништа, фустани, бермуди, шорцеви, но во моментот не сте најзадоволни од изгледот на вашите нозе, а не сте подготвени да ги покажете на светот? Без разлика дали ве вознемируваат испукани капилари, иритација од жилет, отечени стапала или сакате да создадете илузија на потенки нозе, ние имаме едноставен план како да ги прикриете овие несовршености на вашите нозе и да ги остварите вашите желби. Нанесете го и конечно прошетајте по најкраткиот фустан што долго време ги чекаше „своите пет минути“!

„Сокријте“ ги испуканите капилари

Испуканите капилари навистина можат да ја нарушат самодовербата. Сепак, за да не бидете „осудени“ на панталони и долги здолништа цело лето, обидувајќи се да ги скриете недостатоците на нозете, посегнете по коректорот за лице. Не се шегуваме! Тоа ќе биде подеднакво добро решение за покривање на капиларите на нозете. Изберете производ кој исто така е водоотпорен.

Создадете илузија на потенки нозе

Правилата што ги користите при цртање контури на лицето треба да важат и за телото. За да создадете илузија на потенки нозе, нанесете бронзер на местата каде што природно паѓа сенката (од страната низ колковите), а потоа истријте течен хајлајтер долж централниот дел. За дополнителен сјај, измешајте малку хајлајтер со масло за тело и подмачкајте ги целите нозе.

Избегнувајте иритација од жилет

Дали имате црвенило и осип после бричење? Променете ја главата на жилетот после секои пет употреби. Кога се туширате, почекајте да омекнат влакната пред да започнете со бричење. На крај исплакнете ги нозете со ладна вода за да ги затворите порите.

Спречете оток на стапалата

Отечените стапала во трендовски сандали не се баш најубавата глетка. Сепак, задржувањето на течности во стапалата е честа појава за време на топлите денови. Кога ќе забележите отечени стапала, направете ја оваа вежба: станете на прстите, држете ја таа позиција две секунди, а потоа спуштете се. Повторете ја вежбата 20 пати – ова ќе го олесни исфрлањето на течностите. Избегнувајте солена и преработена храна – вишокот сол во организмот предизвикува задржување на течности. И користете специјални креми кои ги олеснуваат надуеноста и чувството на тежина во стапалата.

Заборавете на грубите стапала

За да бидат убави и мазни, на стапалата им е потребна и хидратација. Затоа, пред спиење ставете подебел слој на интензивен крем за стапала, а потоа ставете памучни чорапи и спијте преку ноќ. Ќе се разбудите со убава, мека кожа. Негувајте ги вашите нокти со специјални негувателни масла (бадемово или маслиново). Се разбира, не заборавајте дека во сезоната на сандали и апостолки, лакот за нокти е неопходен. Пред лакирање, нанесете памучна топка натопена во отстранувач на лак за да отстраните маснотии што може да предизвикаат лакот да се лизне од ноктот. Нанесете основа што ќе ја пополни нерамномерноста, а потоа и два слоја лак во избраната боја. Колку се потенки слоевите, толку побрзо ќе се исуши лакот. Завршете со горниот слој што ќе го забрза сушењето.

Прочитајте и: Дали кофеинот стимулира раст на косата?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.