Совети за убавина: Прва помош за темни подочници

Темните кругови се болно место за повеќето жени и секогаш сме среќни да читаме и да пробаме рецепти за нивно ублажување.

Водата е многу важен сегмент и затоа миењето со ладна вода е прва помош за темните подочници, а за подобро решение можете да ставите две разладени кесички чај на очите и да ги држите дваесет минути. Зелените и црните чаеви се идеални за ова бидејќи содржат теин, што го намалува отокот, а билните чаеви како камилицата содржат супстанции кои ги смируваат воспаленијата и црвенилото.

Јаболкото е исто така одлично решение за потечени очи. Изладете го во фрижидер и ставете ги парчињата над очите да стојат десет минути. Теинот од јаболка има антиинфламаторни својства и помага во намалување на отокот. Истото важи и за краставицата. Чувајте ладни парчиња краставица на затворени очи најмалку десет минути. Ако вашите очи се многу отечени, можете да користите и смирувачки лосиони за очи, кои треба да се чуваат во фрижидер.

Белките од јајца служат и како природен лифтинг. Се користи како маска за затегнување на кожата бидејќи спречува формирање на брчки. Во сад измешајте неколку белки од јајце за да се зацврстат, нанесете ја смесата под очите со четка, оставете неколку минути и исплакнете со вода. Кожата сигурно ќе свети. И ако често се појавуваат темни кругови, земете бадемово масло и нежно нанесувајте го околу очите секое утро и вечер.

Најчести причини за појава на темни подочници може да бидат предвремено стареење на кожата, алергии, наследни фактори, недостаток на сон, недостаток на одредени витамини и минерали (на пр. железо, витамин Б12, витамин К и антиоксиданти како витамини А, Ц и Е), пушење, дехидрираност или прекумерно задржување на течности кај одредени болести. За лице без темни подочници, потребно е да се храните балансирано и квалитетно.

Важно е консумираната храна да е целосна и да е од органско земјоделство. На овој начин, на телото му се обезбедуваат доволни количини на минерали, витамини, есенцијални масни киселини и антиоксиданти потребни за одржување на здравјето на телото, па дури и на кожата. Солената храна и алкохолот имаат ефект врз задржување на водата и оток. Избегнувањето од нив брзо ќе ги намали „кесите“ под очите и отокот на целата област.

Водата е многу важен сегмент во борбата против темните кругови затоа што учествува во процесот на детоксикација на организмот. Денес, повеќето луѓе ја забораваат важноста на водата и ја пијат во многу мали количини. Треба да пиете два до три литри чиста вода на ден. Спиењето е потребно, најмалку осум часа на ден, и најдобро е да легнете од 22 до 23 часот.

Прочитајте и: Секојдневни трикови за подобра шминка

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.