Не правете го ова дома: Брук Шилдс откри со што ги бои веѓите (ВИДЕО)

Ги црта... буквално!

Од кога се појави во филмското платно, заштитен знак на Брук Шилдс се нејзините веѓи. Интересно е што 56-годишната актерка никогаш не опишала детално како ги средува, па сега тоа го прави на Инстаграм.

Вака ги ‘креирам’ веѓите! Мисли, чувства, емоции?, напиша таа во описот на видеото во кое покажува молив за цртање Prismacolor Ebony Graphite Drawing Pencil, кој не го користат шминкерите, туку уметниците за скицирање.

Обожавателите, секако, полудеа по ова откритие и веројатно веднаш побрзаа да купат молив со јаглен кој чини само десет долари, а чија продажба многу веројатно значително ќе се зголеми во наредниот период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Но колку е добро да користите молив за цртање на лицето? Дерматолозите предупредуваат дека тоа не е паметно бидејќи повеќето од нив содржат јаглен, кој може да предизвика алергии или да создаде сериозни кожни реакции и да ги иритира очите.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.