Добра стара состојка за подмладена блескава кожа: Еве што ќе направи зелениот чај за вашето лице! (РЕЦЕПТ)

Неверојатни ефекти

Особено кога станува збор за зајакнување и подмладување на кожата, овој добар стар лек може да ја покаже својата ефикасност.

Сакаме да ја споделиме со вас оваа неверојатно едноставна маска која е лесна за подготовка, да ја подмладите кожата и да ја направите поцврста од кога било.

Оваа маска за лице ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата и ќе ги уништи сите штетни бактерии кои се причина за многу проблеми со кои се соочуваме секој ден.

Состојки:

– 2 лажички зелен чај

– 1 лажичка сода бикарбона

– 1 лажица мед

Подготовка и употреба:

Направете доволно зелен чај за една мала чаша.
Оставете го да се олади околу половина час.
Додадете ги останатите споменати состојки.
Добро промешајте и нанесете ја смесата на лицето и вратот.
Држете ја маската на лицето 30-35 минути.
Потоа, исплакнете го лицето со млака вода.

Ако го практикувате овој третман 2-3 пати неделно, може значително да го подобрите квалитетот на вашата кожа. Ова не само што ќе ги намали знаците на стареење, туку ќе го врати и природниот сјај на кожата. Покрај тоа, таа не само што ќе ја затегне кожата, туку ќе ја направи и многу помека и помлада на допирот.

Прочитајте и: 5 начини како да се ослободите од мозолчињата брзо и ефикасно

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.