Засилено опаѓање на косата, испукани врвови на влакната, седи влакна… Ништо страшно!

Ефикасни решенија

Експертите имаат решенија, а веќе нема одложување – сè уште имате доволно време темелно да им се посветите на стратегиите што ви ги предлагаме.

Искуството покажува дека дури 32% жени првите седи влакна ги забележуваат веќе во 30-та година од животот, а истражувањата потврдуваат дека седите влакна растат двојно побрзо од младата коса.

Обидите за решавање на одредени проблеми со косата можат дополнително да ја влошат состојбата, затоа мора да бидеме мошне внимателни. На пример, честото пеглање на косата предизвикува дополнително сушење и пукање на влакната, а тоа се одликите што првенствено сакавме да ги отстраниме, зар не?

За среќа, експертите имаат делотворно решенија и за проблемите што ни изгледаат тешко решливи, па дури и нерешливи.

ТЕНКА КОСА

Проблем

Секој би се загрижил ако косата му станува поретка, но според мислењето на дерматолозите, секоја трета жена забележува тенчење на влакната или засилено опаѓање а косата веќе по 30-та година од животот.

Внимание!

Она што го даваат екстензиите од една страна, го одземаат од друга. Вештачките прамени во косата ги извлекуваат влакната од корен и го зголемуваат ризикот од појава на алопеција (опаѓање на косата во делови). Иако можеби верувате дека средствата за подобрување на волуменот ја подобруваат состојбата, прекумерните количества од овој препарат ги отежнуваат влакната и ги слепуваат во коренот.

Делотворна стратегија

Еден од потенцијалните причините за слабеење и опаѓање на косата е инфекција на темето со габичката Malassezia globosa, која природно се наоѓа во кожата на главата, се храни со себумот и ја излачува олеичната киселина. Кај 50% од луѓето не предизвикува проблеми, додека, кај преостанатите доведува до затворање на порите и фоликулите на влакната, предизвикува појава на првут и го забрзува опаѓањето на влакната.

Решение? Употреба на шампон што содржи синкпиритон, активна состојка со бактериостатско и фунгистатско дејство, кое помага да се убие оваа габичка, како и специјално формулилани третмани против опаѓање на косата (Наш предлог: Aminexil Clinical 5 повеќенаменска нега против опаѓање на косата за жени Vichy,).

И исхрана богата со протеини, јаглехидрати, цинк и железо е од есенцијална важност за здрав раст и изглед на косата. Доколку сте под стрес или сте болни, организмот ги пренесува хранливите состојки од кожата на главата во деловите на организмот во кои се најважни, бидејќи косата објективно не е неопходна за преживување.

Регенеративната медицинска метода ПРП (плазма збогатена со тромбоцити) исто така може да помогне. Се користи плазма добиена од сопствената крв, која ефикасно придонесува за запирање на опаѓањето на косата, обновување на ткивата на влакната, растење нови влакна, побрзо обновување на постојните влакна…

ВИТКАНА КОСА

Проблем

По обичај, повеќето жени со права коса посакуваат виткана и обратно. Сепак, кадравата коса е подложна на побрзо сушење поради структурата на влакната. Природните маснотии не можат рамномерно да се распоредат по должината на влакното, а овој недостиг особено е видлив на краевите. Со вообичаената постапка на миење и обликување на косата може да се наруши површинскиот слој  на кутикулата, а последица се испукани и мат-влакна.

Внимание!

Многу кадравата коса едноставно не може да го издржи термичкото исправување. Високите протеини ја менуваат структурата на протеините, алкохолот, кој се наоѓа во составот на препаратите за обликување, дополнително ја крши витканата коса и го менува нејзиниот облик во несакана насока.

Делотворна стратегија

Избегнувајте шампони што содржат сулфати и парабени, кои се премногу агресивни за витканата коса. Наместо нив, употребувајте нежни формули кои ги негуваат и дефинираат кадриците, обезбедувајќи им природен сјај. Додека косата е влажна, обликувајте ги кадриците со прстите и сушете ја на најниска температура (со фен со дифузер). Избегнувајте да ја допирате косата за време на сушењето.

Причина? Бидејќи кутикулата се подига за време на сушењето, влагата која се наоѓа во влакната може да навлезе подлабоко во косата и да резултира со ширење на влакната и со губење на сјајот и формата. И, секогаш кога сте во можност, обидете се косата да ја сушите по природен пат, без употреба на фен.

СЕДА КОСА

Проблем

Природната уедначеност на седата коса не се случува преку ноќ. Искуството покажува дека дури 32% жени првите седи влакна ги забележуваат веќе во 30-та година од животот, а истражувањата покажуваат дека седите влакна растат двојно побрзо од младата коса, што најчесто резултира со подраснат сед корен и непривлечен изглед.

Внимание!

Бојадисувањето на косата што има седи влакна не е толку едноставно, бидејќи често резултира со нерамномерна покриеност. Кутикулата на седите влакна е цврсто затворена и оневозможува целосно навлегување на бојата. Резултат? Седите влакна имаат посветла нијанса од преостанатата бојадисана коса, па текстурата на косата е изменета. Токму затоа голем број жени со седи влакна се потстрижуваат кратко. Сепак, во овој случај не станува збор за суви и испукани врвови што можат да се отсечат, па со потстрижување не може да се измени текстурата на косата!

Делотворна стратегија

Ако сте во процес на „транзиција“ до целосно седа коса, бојадисувајте ги само седите влакна што се наоѓаат по должина на линијата на растот на косата или патецот – тоа е добро решение. Исто така, загревањето на косата со фен ќе ја отвори кутикулата и ќе овозможи навлегување на фарбата во влакното. Професионалците советуваат да не се откажувате од бојадисувањето на косата сè додека побелите 75%.

А што е со текстурата? Препаратите за зголемување на еластичноста, како и оние со природни масла, кои порано беа „претешки“ за вашата коса, сега би можеле да ви бидат од голема корист во однос на мекоста и сјајот на влакната.

При изборот на препаратите за нега, избирајте ги оние што содржат материи за омекнување, како екстракт од камилица, протеини на кашмир, аминокиселини (Наш предлог: Serie Expert Silver шампон за нега на седа и русо бојадисана коса L’Oreal Professionnel.), но и масло од арган.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.