Дали сте за суптилен или за смел потпис?

Природна убавина

Со чиста и блескава кожа, нема да ви треба многу шминка. Евентуално, малку сенка и маскара.

И двата, бидејќи – кога станува збор за шминката – оваа сезона не постојат строги правила. Зависи од пригодата!

Романтична шема

Розова на капаците и на образите… Дефинитивно, поубаво е во пар!

Универзален печат

Темноцрвената е непогрешлив избор во есенските комбинации. Плус: совршено се совпаѓа речиси со сите нијанси на кармин.

Ах, тие акценти!

Парцијални, вештачки трепки, покрај долната линија на капакот, ќе креираат впечатлив резултат.

Трага на летото

Иако неочекуван во зимскиот асортиман, мат-белиот лак ќе ги урне предрасудите и ќе ја направи маникир-играта уште позабавна.

Доза на смелост

Црвената сенка се избори за своето место во есенската колорна мејкап-шема. И не изненадува – многу е сексапилна, смела и енергична!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.