Отишле на меден месец, а таму ги пречекала неговата мајка: Не можете ни да си замислите што направила невестата кога ја здогледала!

Како би постапиле вие?

Уште долго ќе се зборува за она што го направила невестата кога ја здогледала свекрвата

Идните младенци, логично, му се радуваат на претстојниот период што ќе го поминат заедно, го планираат својот меден месец и сакаат да го поминат далеку од стресот и обврските. Меѓутоа, една 33-годишна девојка го споделила своето многу чудно искуство на еден онлајн-форум.

На сите им е позната приказната дека свекрвата и снаата некако не се согласуваат, од самиот почеток нивниот однос е осуден на пропаст, но сепак би требало да си дадат шанса една на друга. Можеби ќе се засакаат. Меѓутоа, еден Италијанец ги преминал сите граници кога ја повел својата мајка со себе на медениот месец!

Италијанката Маријана едвај дочекала по церемонијата за венчавката во католичка црква во Рим да се ослободи и раздели од мајката на нејзиниот сопруг.

Италијанците се многу приврзани за своите мајки, па желбата на Маријана да „побегне“ малку од свекрвата воопшто не е чудна. Но медениот месец бил сè освен меден.

Нејзиниот сопруг Стефано кришум резервирал соба за својата мајка на истото место, дури и во истиот хотел со пет ѕвездички. Замислете го само шокот на лицето на Маријана кога ја здогледала својата свекрва како ги чека во холот!

Сигурно не очекувал ваква реакција

Веројатно помисливте дека дошло до караница, но Маријана повлекла подрастичен потег. Таа се завртела, си купила карта за назад и се вратила дома. Неколку дена подоцна, поднела и барање за развод.

Како што тврдат изворите, адвокатот на Маријана изјавил дека неговата клиентка сака развод, бидејќи нејзиниот сопруг е претерано приврзан за својата мајка.

Свекрвата и онака живеела веднаш до нив и работите веќе биле напнати, бидејќи постојано била кај нив дома, но чашата се прелеала кога таа се согласила да отиде на меден месец со синот и снаата.

Адвокатот соопштил дека Маријана го напуштила својот сопруг по еден месец брак и сега живее сама во Наполи.

Снаата одржала здравица: Кога свекрвата ги чула овие зборови, ја напуштила свадбата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.