Пилиња: Еве колку си личат внуците на Цеца Ражнатовиќ (ФОТО)

На кого ви личат?

Фотката на преслатките момченца растопи многубројни срца!

Уште кога ја здогледаа светлината на денот, Жељко и Крстан Ражнатовиќ се под будното око на јавноста, што не е ни чудо ако се земе предвид популарноста на сите членови на семејството Ражнатовиќ.

Имено, Цеца и семејството не сакаат да ја кријат приватноста, напротив, со своите фанови со задоволство споделуваат фотографии кои го откриваат нивното секојдневие, а неодамна најголемите ѕвезди на инстаграм-профилите на мама Богдана и тато Вељко, како и на познатите баба Цеца и тета Анастасија, се токму две преслатки малечки момченца.

Никој не може да остане рамнодушен на слаткоста, шармот и енергијата со која зрачат најмладите членови Жељко и Крстан Ражнатовиќ дури и преку фотографиите, а особено сите се воодушевуваат кога ќе ги видат заедно, што беше случај и овој пат.

Често имаме можност да видиме дека навистина живеат бајковит живот на село и дека нивните родители се трудат да им овозможат што е можно поубаво и побезгрижно детство, но и дека семејството најмногу сака да поминува време заедно и дека Богдана и Вељко учествуваат во разни активности со своите малечки..

Тие одлучија да поминат прекрасно попладне во природа на чист воздух, а колку Крстан и Жељко уживаат во излетот, доказ е фотографијата која се појави на социјалните мрежи и на сите им ги растопи срцата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.