Трансформирајте ја Вашата насмевка со D Aligners!

Дали знаете која е разликата помеѓу третманот со фиксни протези и третманот со D Aligners?

Дознајте повеќе за светскиот тренд на исправување на забите со невидливите фолии D Aligners од разговорот со Д-р. Соња Ристеска Стојаноска, специјалист по ортодонција и сопственик на стоматолошката поликлиника Дентал Арт Скопје.

1. Дали може да го разоткриеме најголемиот мит кога станува збор за прави заби, односно дали може да ги исправиме забите без носење на фиксни протези?

Да, изминатите неколку години во светот а сега веќе и кај нас апсолутен хит е исправувањето на забите со невидливи фолии. Системот на транспарентни и танки фолии кои може да се извадат од устата веќе во најголем број на случаеви целосно ја заменуваат потребата од носење на фиксни протези.

2. Која е разликата помеѓу третманот со фиксни протези и третманот со D Aligners?

Фиксните протези без разлика од каков материјал се направени, естетски или метални, се лепат за забите и во текот на целиот третман остануваат залепени со што се отежнува одржувањето на оралната хигиена и најчесто задаваат проблеми со појава на рани и болки во устата и бараат редовни посети кај ортодонтот на месечно ниво.

Третманот со D Aligners системот на транспарентни фолии е многу попријатен, полесен за носење и трае многу пократко. Секоја од низата на пре – дизајнирани фолии може да се извади од устата со што се овозможува слободно јадење како и одржување на перфектна орална хигиена.

3. Кои се предностите на третманот со D Aligners?
  • целосно транспарентни и удобни
  • времетраењето на третманот со D Aligners значително пократок од третманот со фиксни протези
  • Бројот на посети во стоматолошката ординација се пократки и многу поретки
  • Движењето на забите е претходно дигитално дизајниран и успехот на третманот веќе е познат на пациентот
  • Цената на третманот е значително поприфатлива во споредба со минатите години
  • Загарантирана ефикасност поради дигитално предвидени резултати
4. Како се одвива целиот процес на третманот со D Aligners во Дентал Арт Скопје?

При првата посета со цел да се добијаат доволно податоци за прецизна анализа се прават фотографии, Ртг снимка од забите и интраорален скен на забите кој го заменува стариот класичен начин на земање на отпечатоци и овозможува значително поголем комфорт на пациентот и максимална прецизност на моментална состојба. Благодарение на целосната дигитализација на гореспоменатите податоци истите се обработуваат со софтвер од страна на ортодонт и се предвидуваат сите движења на забите до постигнување на бараниот резултат.
Веќе при втората посета на пациентот му се покажува финалниот резултат од дигиталниот дизајн на движењето на забите и насмевката и се соопштува колку време ќе трае третманот и колку последователни фолии пациентот ќе носи. Третата посета е и највозбудливата кога на поедини заби се прават копчиња од целосно транспарентна пломба и се поставуваат фолиите а пациентот добива инструкции за понатамошните посети.

Тел: 02 3239 360, 078 254 030

Повеќе на информации на www.dental-art.com.mk

Фејсбук: Dental Art

Инстаграм: @dental_.art

TEKСT: ПР

ФOTO: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.