Со користење маски за лице до совршена, негувана и блескава кожа

Одберете маска од Panthenol Extra којашто одговара на потребите на вашата кожа и уживајте од удобноста на вашиот дом

Што е заедничко за сите убави и негувани жени? Секако, тоа е користењето на маски за лице.
Маските за лице се лесни за нанесување и забавни за користење.

Неколку добри причини зошто веднаш треба да ставите маска:

  • Брзи резултати – за разлика од другите препарати за нега на лице, бенефитите од користење на маска се забележуваат веднаш;
  • Длабоко чистење – маските за лице продираат во длабоките слоеви на кожата и ги отстрануваат нечистотиите и вишокот на себум;
  • Блескава кожа – маските за лице содржат состојки кои ја подобруваат циркулацијата, го подобруваат тенот и ја прават кожата нежна и блескава;
  • Релаксација – нанесувањето на маска не го подобрува само изгледот на кожата туку има и терапевтско дејство.

Во зависност од типот и потребите на кожата, тимот на Panthenol Extra создаде маски за нега на лице со уникатен состав:

Green Clay Facial mask- маска со зелена глина за длабинско чистење

Состав:

  • Зелена глина – позната по својот антинфламаторен и апсорбирачки ефект, го отстранува вишокот себум и нечистотиите од порите на епидермисот;
  • Пантенол– ги намалува воспаленијата и ја хидрира и негува кожата;
  • Сончогледово масло богато со витамин Е кое ја подмладува и ја прави кожата сјајна.

Соодветна за масна, комбинирана и кожа склона кон акни.

Нарачајте тука.

Black Peel off Mask- маска за лице со активен јаглен за чиста и убава кожа

Состав:

  • Активен јаглен– ефикасно ја чисти кожата, ги прочистува порите и ги отстранува црнките;
  • Мед– познат по своето смирувачко и лековито дејство, ја потхранува оштетената кожа и помага за редуцирање на флеките и белезите;
  • Зелен чај– содржи антиоксиданси кои ја штитат кожата од надворешни влијанија, ја подмладува кожата, гo намалува црвенилото и иритациите.

Соодветна за сите типови на кожа.

Нарачајте тука.

White Pearl Peel off Mask- маска со екстракт од бисер за интензивен сјај и подмладување

Содржи:

  • Масло од бисер– познат по своето избелувачко дејство, помага при избелувањето на флеките и го подобрува тенот. Богато со антиоксиданти кои го спречуваат процесот на стареење;
  • Морска сол– ги прочистува порите на лицето, го контролира лачењето на себум и ја хидрира кожата;
  • Дополнително збогатена со пантенол, алое, глицерин и алантоин кои длабоко ја потхрануваат и хидрираат кожата.

Соодветна за сите типови кожа, идеална за уморна и кожа без сјај.

Нарачајте тука.

White Tea Beauty Intensive Mask- маска со бел чај за интензивна хидратација на кожата

Содржи:

  • Бел чај– богато со антиоксиданти кои ја штитат кожата од стареење;
  • Хијалуронска киселина – ја хидрира кожата, ја зголемува нејзината еластичност и помага за намалување на флеките и лузните на лицето;
  • Алое – ја одржува влажноста на кожата и ги редуцира флеките и фините линии.

Соодветна за комбинирана, сува и многу сува кожа.

Нарачајте тука.

Gold Peel off Mask- маска со екстракт од смиљ за инстантно затегање на кожата

Содржи:

  • Смиљ– помага при регенерација на клетките, истовремено забзувајќи го процесот на заздравување на повредите и белезите на кожата;
  • Маслиново мало– богато со антиоксиданти кои се борат против знаците на стареење.Природен извор на витамини А, Д, Е и К, кои се делоотворни за кожата и ја прават мека и хидрирана;
  • Дополнително збогатена со пантенол и алое кои длабоко ја потхрануваат и негуваат кожата.

Соодветна за незатегната и кожа без сјај.

Нарачајте тука.

Одберете маска од Panthenol Extra којашто одговара на потребите на вашата кожа и уживајте од удобноста на вашиот дом.

Производите на Panthenol Extra се дерматолошки тестирани и не содржат парабени.

Нарачајте ги преку продажната мрежа на Friday Shop, или купете ги во следните аптеки: Здравје Фарм-Битола, Хигија-Куманово, Био Фарм-Тетово, Авена Фарм-Тетово, Жива Фарм-Велес, Александра-Свети Николе, Карпе Дием- Чаир и Рунолист- Чаир. Наскоро и во сите поголеми и поснабдени аптеки во државата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.