Почувствувајте ја природата со Pandora

Вашата сила е во Вашата природа – носете ја со самодоверба

Pandora дизајнерското наследство и прекрасните симболи од природата беа инспирација за новата колекција пролет 2019, Pandora Garden

Како место за креирање и самоизразување, Pandora Garden колекцијата цвета во прекрасни икони и свежи варијанти на класичните и препознатливи три метали на Pandora: сребро, Pandora Rose и Pandora Shine.

Моќните икони – пеперутката, детелинката со четири листа, бубамарата и цветот – ја рефлектираат природната жена и претставуваат креативни детали за стилизирање и персонализиран стил.

Зачекорете во царството на Pandora Garden и славете ја Вашата уникатна приказна со пеперутката. Креирајте единствена комбинација со нижење прстени Блескава пеперутка или трансформирајте го Вашиот outlook со брошот Блескава сина пеперутка кој можете да го носите и како приврзок на ѓердан. Ќе се чувствувате безгрижно со приврзокот Среќна детелинка со четири листа, следете го својот пат со бубамарата и канализирајте ја внатрешната и надворешната убавина со ѓердан од цветови, белегзија и обетки.

Комбинирајте ги заедно или одберете неколку клучни парчиња накит со кои ќе покажете како се чувствувате.

Вашата сила е во Вашата природа – носете ја со самодоверба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.