Грицкај Kviki и играј Fortnite со јутуберот Steffonator

Денеска во 17.00 часот е пријавувањето за гејмерскиот настан

Она што му е Робин на Бетмен, тоа му се Kviki грицките на Steffonator во периодот кога стартуваат припремите за нов гејмерски настан. Затоа не е ни чудно што Стефан станува помалку нетрпелив кога ќе му снема од омилените грицки кои не му ги мрсат прстите додека ја игра омилената игрица Fortnite

Kviki и Steffonator повторно и овој зимски распуст ве повикуваат да учествувате на вашиот омилен гејмерски настан „Kviki – Гејмај и не ги мрси прстите 3.0“. Соработкаta помеѓу Kviki, Steffonator и GG.mk, која започна пред три години, продолжува и оваа година, на начин што значително ќе го подигне нивото на настанот.

Пријавувањето се отвора денеска, на 9-ти јануари 2024 во 17:00 часот. Натпреварот “Kviki – Гејмај и не ги мрси прстите“ ќе се одвива во три фази, две полуфиналиња и едно големо финале. Ќе се игра Fortnite и ќе се стрима во живо на официјалниот јутјуб канал на Steffonator. Сите детали околу настанот ќе ви ги откриеме наскоро. Па затоа, сите гејмери и фанови на Kviki, ќе можат да ги следат сите новости за Fortnite турнирот на Facebook профилот: www.facebook.com/Kviki-Makedonija

И оваа година, Kviki подготви за вас навистина неверојатни и богати награди. За сите што ќе одлучат да ги одмерат силите со Steffonator во Fortnite, и кои ќе успеат во тоа, ги очекува богат фонд на парични награди: првата награда е 300 евра, втората 200 евра и третата награда 100 евра, а тука се и Kviki пакет производиte, оригинални Kviki гејмерски маичи и уште многу изненадувања и за пријавените и за нашите фанови на фејбук фан страницата na Kviki Македонија.

Kviki се единствените грицки што не ги мрсат прстите, а тоа ги прави идеални за гејмање. Сите сме согласни дека нема ништо полошо од мрсен контролер или тастатура полна со остатоци од грицки. Со Kviki, не треба да се грижите за мрсните дамки бидејќи тие, едноставно и емпириски докажано, не ви ги мрсат прстите додека грицкате и нема да најдете остатоци од грицки помеѓу копчињата на тастатурата.

Ви најавуваме уште поголема, поинтересна и поимпресивна дружба од минатата година. Секако, со сите овие убави најави, дефинитивно би сакале да ве потсетиме да продолжите да ги следите социјални мрежи за да дознаете сè преку бројните објави, а во врска со начинот на пријавување, полуфиналиња и дружбата со Steffonator.

Што чекате? Следете не, пријавете се денеска во 17.00 часот и среќно до награди!

Линк до пријавата: https://forms.gle/g1J5q55fKuH5fXiE6

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.