Уште една модна икона: Кралицата Максима од Холандија во фустан кој не знае за години!

Кралица на стилот

Кралицата на Холандија, Максима, отсекогаш била една од најмодерните дами

Во последно време или го променила стилистот или сериозно се приклучила во борбата за првото место на модната табела заедно со Кејт Мидлтон, кралицата Летиција и Меган Маркл.

Во меѓународните медиуми се појавиле наслови дека кралицата Максима за своето појавување одбрала фустан „кој не знае за години“, навестувајќи дека во нејзиниот плакар се појавило ретко модно парче, кое е соодветно за сите дами од 20 до 45 години и навистина не познава ограничувања и предрасуди.

https://www.instagram.com/p/CA2sxA4HyVi/

Фустанот во пригушена нијанса на чоколадо со ракави „лампиони“ совршено ѝ прилега на кралицата на Холандија. Фустанот го стилизирала со ремен на половината, чевли и чанта во истата нијанса.

https://www.instagram.com/p/CA0zcS4HDvH/

Максима меѓу првите ја обнови својата службена програма по кризата со овид-19. Пред неколку недели одлучила да се откаже од видеоповиците и лично да посети разни установи за дистрибуција на храна, болници и старечки домови и директно да ја покаже својата поддршка за оние што се бореле и продолжиле да се борат против пандемијата.

Кралицата Летиција во чевлите што ги обожаваат сите жени со стил: Удобни се и совршено одат со панталони
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.