Ова се трите најубави фустани што ги носеше Кејт Мидлтон на Вимблдон

Војвотката од Кембриџ е голема љубителка на тенисот, па секоја година се појавува со принцот Вилијам на ова тениско натпреварување.

За вас ги одбравме трите најдобри комбинации кои Кејт ги носеше на трибините на популарниот тениски турнир.

Таа во 2014 година носеше бел фустан со дупчиња, а го креираше австралиската луксузна модна куќа Zimmermann.

За финалето на Вимблдон во 2019 година, Кејт Мидлтон носеше бајковито син фустан од Емилија Викстед. Потоа го следеше мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во кој победи српскиот тенисер.

Фото: Profimedia/ABACA / Abaca Press

Со овој феноменален небесно-син фустан, Кејт искомбинира салонки во беж боја со ремен.
Истата година, во 2019 година, Кејт носеше незаборавен бел фустан со црни копчиња од модната куќа „Сузана“. Фустанот го украсила со ремен од модниот бренд „Александар Меквин“.

Фото: AP/Tanjug

Бидејќи белата облека е симбол на Вимблдон, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека овој фустан засега е кралица на сите модни избори на Кејт Мидлтон на Вимблдон.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.