Меланија Трамп гласала во фустан од 4.000 евра: Американците не можат да ѝ го простат овој детаљ!

Погледнете!

Првата дама на Америка гласала на Флорида во 9 часот наутро, а за оваа пригода облекла скап фустан во комбинација со вртоглаво високи потпетици, елегантна чанта и големи очила за сонце

Американските претседателски избори се во екот, а гласала и Меланија Трамп. На Флорида, поточно во Палм Бич, првата дама се појавила на гласачкото место, во 9 часот наутро по локално време.

За гласањето одбрала фустан од брендот „Гучи“. Фустанот вреден скоро 4.000 евра ѝ ласкала на линијата на првата дама, која уште еднаш го покажала непогрешливиот вкус за мода и елеганција.

Остатокот од стилската рапсодија на Меланија се состоел од лежерна пунџа, големи очила за сонце и високи салонки во боја на кожа, со потпис на нејзиниот омилен дизајнер Кристијан Лобутин.

Но американските медиуми забележале дека Меланија додека доаѓала на гласањето, се појавила без маска!

И додека првата дама гласала како и цела Америка, Доналд Трамп го завршил тоа минатата недела и го искористил правото на предвремено гласање на гласачкото место Вест Палм Бич. Тогаш на насобраните новинари им кажал дека гласал за тип што се вика Трамп. Американскиот претседател влегол во уште една трка за Белата куќа, а не го попречил ни коронавирусот кој победил за време на предизборната кампања.

Како и да е, модната приказна на првата дама секогаш се раскажува од почеток до крај – без грешка!

Ако некој знае да направи моден погодок, тоа е Меланија Трамп! – Секогаш чекор пред другите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.