Ќе ја одбележи летната сезона и одлично ѝ стои на секоја жена: Мора да го имате овој модел на фустан во гардероберот!

Во тренд

Летото ќе биде во духот на лелеавите и лежерни модели

Ако ги прашате модните дизајнери во кој модел на фустан треба да се инвестира, без дилема би ви кажале дека тоа е фустанот во бохо-стил.

Главната карактеристика на овие фустани е лежерноста, а поради начинот на кој се скроени и начинот на кој паѓаат, ѝ ласкаат на сечија фигура. Најчесто ги краси цветен дезен, па овој разигран принт ќе ве развесели за време на летните денови.

Самиот крој на фустан е идеален доколку сакате да ги сокриете вишокот килограми на стомакот или колковите. Може да се носи во лежерни варијанти, но одлично ќе изгледа и во комбинација со високи потпетици.

Еве како трендестерките носат бохо-фустани. Погледнете ги фотографиите и сигурно ќе најдете инспирација за вашиот следен стајлинг…

Дискретни детали и сексапил во прв план: Модни трикови што ќе ги украдеме од Французинките оваа пролет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.