Го завела кога имала само 19 години: Уште еднаш докажале дека се најсексапилната двојка на денешницата!

Како ви се допаѓа?

На гала-прославата на брендот „Булгари“ во Париз, сите очи биле вперени во Тина Кунаки (25) и Венсан Касел (55)

Тина повторно докажала дека е мајсторка за провокативни изданија и дека непогрешливо одбира креации во кои не може да помине незабележано.

Убавата 25-годишна девојка блескала во впечатлив, модерен стајлинг, одбирајќи лимон-зелен долг фустан со потпис на брендот Y/Project.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcasselactu)

Оваа необична креација ја краселе предолги ракави, горен дел во фрома на кошула, но и карактеристичен, храбар, прорез на стомакот, кој ја направил целата оваа модна приказна уште поатрактивна.

Госпоѓата Касел ја надополнила комбинацијата со тенок, лакиран ремен во истата боја како тоалетата, како и со скапоцен накит што придонел за гламурозен ефект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @nargis_georgia

Нејзиниот 31 година постар сопруг се одлучил за класичен црн костим и бела кошула, на која стилски раскопчал неколку копчиња за да изгледа полежерно и побунтовно, а токму по таквите изданија е и познат. Францускиот актер никогаш не изгледа премногу елегантно и формално, туку обожава да остава по малку див впечаток.

Сопружниците инаку важат за модни магови и за совршено стилизирана двојка, која редовно воодушевува со своите урбани и оригинални стајлинзи, а публиката ја обожава нивната специфична харизма и фактот што секогаш си разменуваат нежности во јавност и постојано се допираат, прегрнуваат и бакнуваат.

Двојката е во брак од 2018 година, а имаат и ќерка Амазонија. Романсата ја започнале кога Тина имала само 18 години, и тоа кратко откако Касел ставил точка на бракот со Моника Белучи. Многумина беа уверени дека францускиот шармер никогаш нема да најде жена што би можела да ѝ парира на италијанската дива, но изборот на младата и згодна Тина, дефинитивно сите ги разувери.

Многумина тврдат дека новата госпоѓа Касел е дури и поубава од Моника, а сопружниците се актуелна двојка на Инстаграм – имаат многу фан-групи и сите го обожаваат нивниот моден стил, но и заедничките фотографии, на кои без воздржување си искажуваат нежности.

Беше едвај ПОЛНОЛЕТНА кога заради неа ја остави НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ: Разликата од 30 ГОДИНИ меѓу нив во втор план (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.