Фустан кој секоја жена треба да го има: Тенисерката Ана Ивановиќ постави нов моден тренд

Дали ви се допаѓа?

Идеален е за сите пригоди, а дезенот ќе ве остави без здив.

Ана Ивановиќ често ја воодушевува јавноста со својот стајлинг. Така беше и овој пат. Таа се одлучи за црн фустан со многу интересен и убав цветен дезен.

Се гледа дека Ана покажала голем интерес за позирање, па фотографијата која ја објавила на својот инстаграм-профил наликувала на оние на насловната страница на магазинот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Нејзините вити нозе беа во преден план, а со оглед на тоа што фустанот ѝ е тесен, и ги истакна стомачните мускули.

На нозете се одлучи за кафени сандали кои совршено се совпаѓаат со остатокот од аутфитот. Нејзината чанта имаше интересни дезени и исто така е во кафена боја, па одлично ѝ одговара со сандалите.

Кулминацијата на целата фотографија е насмевката на Ана, која буквално ја краси сликата, а пораката на Ана до нејзините следбеници покрај оваа фотографија беше да најдат радост во едноставните работи.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.