Фармерките веќе не се во тренд: На модната сцена ќе доминираат овие модели!
За секоја жена по нешто
Акцентот оваа сезона е на малку поинакви модели
Иако веќе со децении се парчето без кое ниту една сезона не може да пројде, се чини дека време е фармерките да одморат малку.
Наместо нив, во сезоната пролет/лето ќе носиме малку поинакви модели. Во понудата на модните експерти ќе најдете интересни панталони со разни должини и модели, но и здолништа. Секоја жена ќе успее да најде нешто што се вклопува во нејзиниот стил.
Да почнеме:
Тексас-здолниште
https://www.instagram.com/p/B0sJuIOjOqS/?utm_source=ig_embed
Иако фармерките нема да бидат толку актуелни, тексасот не заминува целосно во заборав. Здолништата од овој материјал често ќе ги гледаме на улиците. Одлично парче за лежерна комбинација, одење на кафе, кино или на прошетка. Со ова парче одат сите бои, што ви дава многу можности за правење најразлични модни комбинации.
Бермуди
https://www.instagram.com/p/B-IJDmdheZ1/?utm_source=ig_embed
Тие ќе бидат најголемиот тренд сезонава, според дизајнерите. Со ова парче можете да правите лежерни, но и многу елегантни стајлинзи. Дефинитивно се исплати да инвестирате во бермуди.
Хеланки
https://www.instagram.com/p/B-KerKNgM8R/?utm_source=ig_embed
Освен што се удобни, дозволуваат и правење различни стајлинзи. Стил и удобност, се’ на едно место, па затоа, речиси и не постои жена што не ги обожава.
Плетени пантолони
https://www.instagram.com/p/B3p8g4cFjLI/?utm_source=ig_embed
Овој модел веќе ги освои срцата на многу трендсетерки. Лежерни и удобни, нема причина да не ги засакате и вие. Во комбинација со широка кошула изгледаат феноменално.
Панталони во интензивни бои
https://www.instagram.com/p/B886A_jhPmn/?utm_source=ig_embed
Веселите бои се актуелни оваа сезона, а панталоните во некоја од нив ќе ја освежи секоја комбинација. Овој стајлинг е полн погодок!
Погледнете кој ќе биде најголемиот тренд за пролет 2020.